1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смртоносни поплави во Скопје

БГ7 август 2016

15 загинат, 22 повредени и повеќемина исчезнати е билансот од катастрофалните поплави кои го зафатија Скопје синоќа. Предизвикана е и голема материјална штета, а голем број улици и булевари се непроодни

https://p.dw.com/p/1JcwL
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski

Министерството за внатрешни работи ја потврди смртта на 15 лица, а 22 лица со повреди се примени во скопските болници. Се трага по најмалку 6 исчезнати.

Советот на Град Скопје попладнево на итна седница ќе расправа за состојбата во градот и за мерките за санирање на состојбата.

Mazedonien Unwetter
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Licovski

Најтешко погодени од вчерашното невреме биле селата Стајковци и Арачиново, но штетите се големи низ целиот град. Од синоќа е во прекин и сообраќајот на скопската обиколница, а тешко проодни се и многу други улици низ градот.