1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со „универзалното оружје“ на европските избори

Сабине Кинкарц
5 јануари 2019

Веќе половина година Катарина Барли е министерка за правда на Германија. Сега таа се подготвува да стане главниот кандидат на СПД за европските избори. Сабине Кинкарц и направи портрет.

https://p.dw.com/p/36loD
Kabinettssitzung Katarina Barley
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Еден човек може да се опише на повеќе начини. Еден од нив е преку формалната кратка биографија. Катарина Барли е родена на 19 ноември во 1968 година во градот Келн како ќерка на мајка Британка и татко Германец, кој работел како уредник во Дојче Веле. Студирала право во Марбург, Париз и Минстер. Се стекнала со титула доктор по право и работела како адвокат во Хамбург и како научен соработник во Сојузниот Уставен суд. Била судија во Покраинскиот суд во Трир и Окружниот суд во Витлих. Паралелно со работата, таа основа и семејство има две деца. Во 2008 година е избрана за референт во одделот на Министерството за правда во Мајнц. Таму работи до 2013 година кога е избрана за пратеник од СПД во Бундестагот. Во 2015 година станува Генерален секретар на партијата, а во јуни 2017 година го презема Министерството за семејство од Мануела Швезиг, која оди на функцијата покраински премиер на Мекленбург Долна Померанија.

Толку популарна што може да отвори клуб на обожуватели

По парламентарните избори Барли привремено го презема и Министерството за труд, за да ја замени партиската колешка Андреа Налес, која го презема лидерството на парламентарната фракција на СПД. Во новата владина коалиција меѓу Унијата и СПД, оваа 49 годишна жена стана Министерка за правда. Оној којшто сака да дознае повеќе за Катарина Берли, препорачливо е да се следи на Твитер. Под хаштагот #stilllovingkatarina оваа пролет нејзините обожаватели и поддржувачи објавуваа твитови со поддршка нивната миленичка и идол да биде повторно избрана на висока функција и да продолжи со политичката кариера.

Симпатична и омилена – тоа е реткост

Берлин не ја крие својата благодарност. Таа важи за природна, отворена, непосредна и паметна. Едноставно човек не може да нема симпатии кон неа. Со нејзиниот начин на комуникација таа ги освои и срцата во нејзината партија СПД, во која се устрои умерено лево. Тоа не беше доволно за да ја добие функцијата Генерален секретар на СПД. Премалку напади, премалку агресивност – гласеа критиките кои стануваа се погласни за време на кампањата за парламентарните избори во пролетта 2017 година кога кандидатот на СПД, Мартин Шулц доживеа пораз. Бaрли не е жена која настапува гласно, но е автентична и упорна.

Deutschland Ernennung des Bundeskabinetts 2018
Фотографија: picture-alliance/SvenSimon/E. Kremser

Јасни ставови

Министерката за правда нема проблем да заземе став. Таа исто така радо дебатира. На Фејсбук се расправаше за поголема транспарентност на социјалните мрежи. Во големата коалиција таа се спротивстави на терминот кој го употребува ЦСУ – азилтуризам, а беше и против идејата на Унијата за забрана за рекламирање на абортус. Таа исто така се погрижи за оштетените во скандалот со дизел возила на Волксваген уште пред активирањето на пресудата да добијат отштета. Законот од нејзиното министерство и покрај одреденото ниво на загриженост во Унијата беше навреме донесен.

За време на нејзиниот мандат во Министерството за семејство таа се заложи дебатата #MeToo да ја промени „културата на молчење" и во германскиот филмски свет и повика „безрезервно да се расчисти" случајот со режисерот Дитер Ведел, а го критикуваше и сексизмот во политичкото секојдневие.

Подготвена за разни предизвици

Катарина Барли, никогаш не го крие фактот дека е подготвена и отворена за многу задачи. Јас сум "универзалното оружје" на СПД, изјави таа, кога станува збор за пополнување на министерски места во големата коалиција. Таа може да остане Министерка за семејство, министерка за труд или дури и министерка за надворешни работи. Во очите на многумина тоа би било преголем залак.

Во суштина Катарина Барли од секогаш се труди да покрива широк дијапазон теми. На нејзината веб страна ќе ги најдете клучните теми – социјала, семејство, пензија, здравје, демографија, Европа, енергија и сообраќај. Европа за Барли е важна и поради нејзиното семејство и потеклото. Иако никогаш не живеела во Англија таа се чустува исто толку Германка како и Британка, но во прв план е Европејка. Затоа не беше без причина тоа што нејзиниот прв говор во Бундестагот во 2013 година и беше на тема „Европа“.

Предноста на Европа

Берли живее во близина на Трир и секогаш ги нагласува големите придобивки од отвореноста на Европа за слободата и благосостојбата. „Тука човек може секој ден со велосипед да се вози низ четири земји, " изјави таа неодамна на еден дебата со граѓаните на Трир со оглед на соседните земји, Луксембург, Франција и Белгија. Во „Миграциските приказни од Бундестагот" кои ги идздаде поранешниот пратеник на Зелените, Озчан Мутлу, таа пишува дека нејзиното двојно државјанство, не само што влијаело врз нејзиниот живот туку и ги обликувало нејзините основни ставови.

Првично не сакаше да се кандидира за европските избори

Долго време се мислеше дека, Мартин Шулц, главниот кандидат за Европските избори на СПД во 2014 година и долгогодишен претседател на Европскиот парламент ќе се врати во трката следната година. Особено бидејќи Катарина Барли првично немаше интерес да ја преземе кандидатурата. Но, 62 годишниот Шулц не сакаше и на претседателката на партијата Налес и успеа да ја убеди Барли. „Таа е добар избор", изјави Шулц. Една уверена Европејка „која ќе води борба за Европа на хуманизам, правда и праведност, и солидарност." За разлика од Шулц, таа ќе биде само национален главен кандидат на СПД. Главниот кандидат на европските социјалдемократи, а со тоа и кандидат за претседател на Комисијата, треба да биде Холанѓанецот Франс Тимерман, кој ја доби и поддршката од Налес.

 

 

Kinkartz Sabine Kommentarbild App
Сабине Кинкарц новинарка на ДВ