1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стани дел од Balkan Booster!

27 февруари 2020

Дојче веле бара учесници во проектот „Balkan Booster“ за 2020 година.

https://p.dw.com/p/3GEJe
Balkan Booster Teaser
Фотографија: DW

Сакате да дознаете како живеат луѓето во соседните земји и какви се нивните приказни? Заинтересирани сте за различните идентитети на Балканот, вклучително и оние кои се загрозени? Ако Вашите одговори се „да“, а покрај тоа уште сакате и да снимате видеа со мобилен телефон и активно да ги користите социјалните мрежи, тогаш сте на вистинското место!

Дојче веле бара учесници за проектот Balkan Booster за 2020 година. За повеќе информации за проектот следете го хаштагот #dw_BalkanBooster или посетете ја нашата посебна Balkan Booster страница.

 

Кандидатите/кандидатките треба да ги исполнуваат следните услови:

 

1. Да живеете во РС Македонија

2. Да имате помеѓу 19 и 25 години

3. Да студирате новинарство или да имате новинарско работно искуство

4. Да сте подготвени да работите во тим и да патувате

5. Да имате време да учествувате на тридневна обука за видео-новинарство во април или мај 2020 година

6. Да сте мотивирани за истражување и работа на приказни за различните идентитети во балканските земји

7. Активно да користите социјални медиуми (Фејсбук, Инстаграм и Твитер)

8.  Активно да користите (да зборувате и пишувате) англиски јазик

9. Знаете да монтирате видеа? Тоа е предност!

10. Да сте мотивирани да научите повеќе за другите земји, идентитети и култури на Балканот

 

Ако сте заинтересирани и сакате да станете дел од големото Balkan Booster семејство на Дојче веле, испратете ни ја својата пријава (биографија на англиски јазик и кратко видео во траење до една минута во кое ќе ја наведете Вашата мотивација за проектот) најдоцна до 13 март 2020 година на имејл адресите: balkanbooster@dw.com и balkan-booster@dw.com.