1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стопанството подготвено за полет, но младите...

Карл Харенброк
4 април 2019

По постигнувањето на Преспанскиот договор и отворањето на патот кон НАТО и ЕУ, се отвораат посветли перспективи за македонското стопанство. Многу млади меѓутоа и натаму размислуваат за заминување од земјата.

https://p.dw.com/p/3GDvV
Bildergalerie Skopje
Фотографија: DW/A. Feilcke

Автономен автомобил. Иако само во форма на играчка, младите во стручно средно училиште Кавадарци така учат за основите на електротехниката. Како мехатроничари, тие имаат добри изгледи за работа, и тоа не само во Северна Македонија. Тие со своите знаења воопшто не заостануваат зад своите колеги мехатроничари од ЕУ.

Наставникот Димитрија Ангелков има сопствена софтверска фирма и се надева дека многу млади по стручната наобразба ќе останат во земјата. „Ако моите ученици се добро остручени и можат да извршуваат комплицирани работи, ќе заработуваат повеќе“, вели Ангелков. Но некои негови ученици размислуваат поинаку: „Сакам да останам, но нема многу работа и пари. Мислам дека ќе си заминам“, вели еден од нив. 

Повеќе:

-Толксдорф за ДВ: Германските инвестиции во Македонија ќе растат

-Германски искуства и пари за посилна македонска економија

-Договорот од Преспа „ги тенчи“ грчкиот и македонскиот долг

Стотици илјади веќе ја напуштија земјата во последните години во насока на ЕУ. Просечната плата во земјата е околу 4700 евра годишно. Поради ниските примања, земјата е атрактивна за компаниите добавувачи за автомобилската индустрија, како Маркарт од Германија. Околу 600 вработени тука произведуваат електронски компоненти за автомобил. Во моментов за извозот во ЕУ се наплатува царина до 20 проценти. Со влезот на земјата во ЕУ, царините ќе отпаднат. Сепак, раководителот во Маркарт Македонија, Волфганг Ајхер, очекува пораст на трошоците.

„Сметаме дека нивото на платите во моментов е ОК и така ќе остане и во наредните 10 години. Кога пристапувањето кон ЕУ ќе биде завршена работа и работниците ќе можат без поголеми проблеми да се иселат во западна Европа, тогаш ќе биде потешко“, вели Ајхерт.

Стопански полет со европерспективата пред очи

Во јуни ЕУ има намера да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија. До пристапувањето, меѓутоа, ќе поминат години. 

Стопанството се подготвува за пристапувањето на земјата кон ЕУ. Во даночно субвенционираните индустриски зони настанаа конкурентни претпријатија, како компанијата за мебел Фејдом, која во моментов гради нова фабрика.

90 проценти од дизајнерските гарнитури се извезуваат. Во моментов се гради дистибутивен систем во Германија. Вработените се надеваат дека со планираниот влез во ЕУ замавот ќе продолжи. „Се надеваме на повеќе нарачки и растечки плати, на подобар живот“, вели еден од нив. 

Во стручното средно училиште, младите имаат помалку трпение. Четири од десет ученици тука размислуваат по стручната наобразба да ја напуштат земјата.