1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тензии во Октиси поради изградба на црква

СН/АТ/мф/миа25 август 2013

Жителите од православна вероисповест во струшкото село Октиси денеска се спречени од нивните сожители од муслиманска вероисповест да постават камен-темелник на црква во селото.

https://p.dw.com/p/19VqU
Фотографија: Milco Jovanoski

Поставувањето на темели и изградба на црквата „Свети Димитрија“ во струшкото село Октиси е причината поради која дел од жителите Македонци - муслимани во неделата претпладне се собрале пред локацијата на која е предвидена изградба на црквата, јавуваат локалните медиуми. Утрината од 10 часот и 30 минути е блокиран патот кој води до селото Октиси, со што жителите од муслиманска вероисповест кои носеле арапски и муслимански знамиња не дозволуваат пристап на свештените лица кои требаше да пристапат кон осветување на темелите за црквата.

Полициски кордон ги дели двете групи, да не дојде до поголем инцидент. СВР Охрид го потврди настанот и соопшти дека засега не се предизвикани посериозни инциденти и полициските службеници остануваат на терен сѐ додека не се смират страстите меѓу жителите

Отец Зоран од Вевчани, во изјава за МИА, информира дека црквата треба да се гради на плац од МПЦ, за што имале и одобрување за градба.

„Денеска нас ни се загрозени најосновните човекови права слободно да се движиме по оваа земја македонска“, изјави отец Зоран.

За поставувањето на камен темелникот, каде требало да присустува архиепископот Дебарско-кичевски Тимотеј биле информирани Локалната самоуправа во Струга, Дебарско-кичевската епархија и Министерството за внатрешни работи.