1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Нападите го разоткрија привидниот мир во Шри Ланка

Шамил Шамс
22 април 2019

Со победата врз тамилските сепаратисти во 2009, Шри Ланка успеа да го стави под контрола насилството во земјата. Но бројни конфликти продолжија да ја мачат земјата и велигденските ескплозии се можна последица од нив.

https://p.dw.com/p/3HCzf
Sri Lanka Colombo Militär nach Explosion vor St. Anthony's Kirche
Фотографија: Reuters/D. Kiyanawatte

Во координираните експлозии во Шри Ланка, според последните информации од властите, загинаа најмалку 290 лица а преку 500 се повреден. Бомбите веројатно ги активирале атентатори-самоубијци на Велигден во неколку цркви и хотели во главниот град Коломбо и на други места во земјата. Меѓу жртвите има и странци. Сѐ уште никој не ја презел одговорноста за нападите, но според аналитичарите според начинот на кој е изведено активирањето на повеќе бомби истовремено укажува дека станува збор за добро организирана милитантна група.

„Во моментов е тешко да се одреди кој би можел да стои за овие напади. Но имајки ја предвид проблематична историја на оваа нација, како и актуелните политички тензии, може да се идентификуваат неколку потенцијални групи коишто би можеле да бидат одговорни за нападите," вели за ДВ, Зигфрид О.Волф, експерт за јужна Азија од бриселскиот Демократски Форум за Јужна Азија.

„Јас би идентификувал четири потенцијални групи: милитантни исламисти, радикализирани будистички организации, милитантните тамилски (Хинду) групи и на крај не помалку значајни, одредени вооружени крила на опозицијата кои би сакале да ја дестабилизираат владата на премиерот Рани Викремесинг, со цел да го вратат автократскиот режим," констатира овој експерт.

„Иако не сметам дека радикалните будистички групи имаат капацитет да спроведат вака добро координирани напади. Притоа радикалните будисти најверојатно не би одбрале да нападнат цркви. Од слични причини, се чини неверојатно дека нападите ги извршиле милитантните тамилски групи. Според мене овие напади го носат печатот на меѓународни џихадистички групи како Ал Каида или Исламска Држава, или некои од нивните локални групи поддржувачи," нагласува Волф.

Infografik Karte Anschlagsserie auf Sri Lanka EN

Аналитичарот вели дека милитантните групи како ИС или Ал Када на индискиот подконтинет се се повеќе активни во Јужна Азија, при што нивните партнери се фокусираат и на други земји, освен Авганистан и Пакистан каде што се веќе доста силни.

Потрес во рајот

Бомбашките напади од неделата се големо назадување за властите во Шри Ланка, бидејќи во последниве десет години успеаа да го зауздаат насилството во земјата. Претходно во децениите во кои активно делува тамилските тигри на северот од земјата, загинаа илјадници луѓе се додека поранешниот претседател Махинда Раџапкаса во 2009 ја порази Ослободителната армија на тамилски тигри.

Во последниве години во различни делови од земјата имаше спорадични насилни напади меѓу радикалните будистички групи и муслиманите.

Повеќе:

-Крвава велигденска недела: Напади врз цркви и хотели во Шри Ланка

-Кој стои зад нападите во Шри Ланка?

-Папата со осуда на нападите во Шри Ланка

Мирот во Шри Ланка придонесе за процут на туризмот во земјата и таа стана една од најомилените дестинации за странски туристи. Но аналитичарот Волф вели дека отсуството на насилство не значи дека во Шри Ланка се надминати сериозните социјални и политички поделби.

„Етничко – религиозниот конфликт меѓу будистичкото синајско мнозинство и хинду – тамилското малцинство официјално заврши во 2009 година, но конфликтот се уште постои во земјата бидејќи нема политичко решение за овој повеќестран проблем," вели Волф додавајќи дека зголемените економски и финансиски тензии се зголемуваат и поради кинеската инцијатива за економска поврзаност со регионот.

„Покрај развојот на туризмот, нерамномерниот развој и странските интервенции исто така влијаат како катализатори за политички конфликт во Шри Ланка," вели тој.

Притисок врз владата

Експертите се согласни дека Велгденските напди ќе го зголемат притисокот врз премиерот Викременсинг кому му се спротивставуваат голем број политички партии во земјата. Викременсинг минатиот октомври беше разрешен од претседателот Маитрипала Сирисена, за во декември 2018 повторно да се врати на функцијата по неколку недели политичка криза.

Sri Lanka Colombo Militär nach Explosion vor St. Anthony's Kirche
Фотографија: Reuters/Stringer

Сирисена го постави Раџапакса на местото на Викременсинг. Раџапакса има углед на силен човек кој ги победи тамилските бунтовници за време на неговото претседателствување во 2009 година. Последните напади најверојатно ќе ја засилат политичката позиција на Раџапакса како лидер кој има подобар учинок во справување со милитантите.

„Опозициските групи сигурно ќе ги искористат терористичките напади за да лобираат за еден автократски стил на владеење и построги ( последователно и порепресивни) мерки против малцинствата во име на растечкото насилство. Верувам дека кредибилитетот на Викременсинг е длабоко разнишан," вели Волф.

Кина и Индија внимателно го следат развојот на настаните во Шри Ланка бидејќи двата азиски гиганта ги поддржуваат ривалските политички партии во земјата. Како и да е милитантно насилство не им е од економски интерес на овие земји.

Индискиот премиер Наренда Моди ги осуди нападите во Шри Ланка, а неговиот министер за надворешни работи за медиумите во Њу Делхи изјави дека внимателно го следат развојот на настаните. Но, експертите генерално сметат дека и покрај долгодишната вклученост во политиката на Шри Ланка, Индија држи дипломатска дистанца од внатрешните работи на островската земја.

„Индија речиси секогаш успева да се држи настрана и да не се меша во внатрешните работи на соседните земји," вели за ДВ, Н.Сатја Морти од индиската Фондација „Обсервер рисрч"