1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Тешка несреќа во Данска

ЕМФ / дв
2 јануари 2019

Во тешка железничка несреќа во Данска загинаа најмалку шест лица. Во несреќата учeствуваа неколку возови. Се претпоставува дека причина е лошото време.

https://p.dw.com/p/3AtYw
Dänemark Zugunglück
Фотографија: picture-alliance/dpa/Ritzau Scanpix/AP/T. K. Jensen

Во несреќата што се случи изутринава на мост над протокот Големиот Белт во Данска загинаа најмалку шест лица, а повредени се шеснаесетмина, соопштија данската дражавна железница ДСБ и полицијата.

Патнички воз кој се движел во насока на Копенхаген во 7:30 часот изутринава бил удрен од предмет од товарен воз. Машиновозачот потоа нагло закочил, соопшти управителот со железничката мрежа Банеданмарк.

Патничкиот воз запрел на мостот над Големиот Белт. Поради силната бура на спасувачките екипи прво им било многу тешко да стигнат до возот. Според ДСБ, во возот се наоѓале 131 патник и тројца членови на екипажот.

Nyborg Dänemark Zugunglück
Фотографија: Reuters//M. Bager

Осумнаесет километри долгиот мост над Големиот Белт ги поврзува источна и западна Данска. Поради големиот ветер сега е затворен не само овој мост, туку и Оресунд-мостот помеѓу Данска и Шведска. Бурата во Шведска изутринава без електрична енергија остави повеќе од 100.000 домаќинства. Причина се урнати дрвја врз мрежата.