1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Трамп се лекува со експериментална терапија против Ковид-19

СН/дв
3 октомври 2020

Американскиот претседател продолжува да ја извршува функцијата и од воената болница каде беше префрлен со „лесни“ симптоми Ковид-19. Во рамките на лекувањето тој земал ремдесивир

https://p.dw.com/p/3jNC1
Washington | Trump Ankunft  Militärkrankenhaus
Фотографија: Joshua Roberts/Reuters

Претседателот на САД, Доналд Трамп поради заразувањето со коронавирусот е префрлен во воена клиника. Тој напуштајќи ја Белата куќа на присутните новинари им покажа „палец нагоре“ и ги поздрави со раката. Трамп со маска на лице и во придружба на соработници помина неколку метри одалеченост до хеликоптерот со кој потоа беше префрлен во воената болница Валтер Рид во Бетезда, северно од Вашингтон. 

Washington | Trump Abflug Militärkrankenhaus
Фотографија: Saul Loeb/AFP/Getty Images

„Мислам дека ми оди многу добро“, рече Трамп во кусата видео порака снимена во Белата куќа, која ја објави на неговиот Твитер профил. Тој, како што рече, поради претпазливост заминува во болница. Неговата сопруга, како што додаде, се чувствува „многу добро“.

Оваа видео порака беше објавена кога хеликоптерот на Трамп слета во болницата, а 50 годишната прва дама остана во Белата куќа.

Од Белата куќа соопштија дека засега нема да го менува потпретседателот Мајк Пенс, кој по автоматизам би требало да ја преземе неговата функција, доколку Трамп не може да ги извршува своите службени должности. Пенс имаше негативен тест на коронавирусот.

Мерки за претпазливост по препорака на лекар

Според информациите од Белата куќа, престојот на Трамп во болница е мерка на претпазливост која ја препорачале лекарите. Тој, како што е соопштено, својата функција во наредните денови ќе ја извршува од претседателската канцеларија во клиниката.

Повеќе:

-Трамп е позитивен на корона - реалноста го возвраќа ударот

-Трамп во карантин: Желби за брзо заздравување и пад на берзите

-Доналд Трамп и Меланија имаат Ковид-19

Трамп по инфекцијата, како што е соопштено, имал „благи симптоми“ и работел цел ден. Се наведува и дека од петокот имал температура со кашлица. Соопштено е и дека тој покажува знаци на замор, но оти бил расположен.  

Експериментален третман

Според зборовите на неговиот личен лекар, Шон П. Конли Трамп добил доза коктели со антитела, а станува збор за експериментален третман наречен Регенерон. Ефикасноста на коктелите со антитела во моментов се тестира во клинички студии. Леонард Шлејфер, шеф на фармацевтската компанија што го произведува, Регенерон, за весникот Њујорк Тајмс изјави дека Трамп е првиот пациент што го примил тој лек и дека тие го доставувале по барање на Белата куќа.  

Според Конли, претседателот се чувствува добро и не му е потребен дополнителен кислород. Почнал да пие и ремдесивир, лек против Ковид-19. Од друга страна, соопштено е дека Првата дама има само лесна кашлица и главоболка.  

„Инфекцијата на Трамп е опомена“

За разлика од Трамп, Џо Бајден ја продолжи својата кампања, но се воздржа од напади врз Трамп. Но, сешак алудираше на неговото постапување за време на пандемијата. Инфекцијата на Трамп е предупредување дека вирусот треба да се сфати сериозно, рече Бајден во Гарнд Рапидс во Мичиген. „Ова нема да исчезне автоматски“, рече тој и ги повика граѓаните да ги слушаат советите на научниците, да носат маски, да држат растојание и редовно да ги мијат рацете.