1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Поделени чувства по размената на затвореници

АРД
30 декември 2019

Русија и Украина повторно си разменија затвореници. За набљудувачите ова е важен сигнал за мировниот процес во источна Украина. Но Украина плати висока цена, вели режисерот Олег Сенцов, кој беше затвореник во Русија.

https://p.dw.com/p/3VTxN
Ukraine, Kiew: Empfang auf dem Flughafen Borispol
Фотографија: DW/O. Sawitsky

На украинската телевизија се гледа еден млад човек како зборува на мобилен телефон. Стои недалеку од местото од каде што се симна од еден од автобусите со кој беа донесени затвореници од сепаратистичките области кои се под контрола на украинските владини трупи. Зборува со мајка му.

„Мамо не плачи!" и вели тој. „Напиј се апче! Твојот притисок...„Еден друг човек стои до него, пуши и се бори со солзите. „Предадовме 127 затвореници а преземавме 76 лица," објасни попладнето советникот на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Сергеј Сивохо.

„Првично се договоривме за 80 лица, но четворица останаа таму поради своите семејства. Но и тие се ослободени."

„Таму“ значи во областите освоени од проруските сепаратисти. Размената за завршена ја прогласи и омбудсманот на Донецк, Дариа Моросова. Разменетите лица до сега не добија медицинска помош. Тоа што оваа размена на затвореници воопшто се случи е резултат на долги дипломатски напори.

Ukraine - Russland Gefangenenaustausch
Фотографија: Reuters/V. Ogirenko

Повеќе на темата:

-Зеленски и цената на мирот

-Самит за Украина според руски вкус

-Русија и Украина разменуваат затвореници

На моменти се чинеше дека годинава нема да има повеќе спогодби меѓу страните во конфликтот. Пред сѐ договорите околу листите беа долготрајни и компликувани. Затоа е поголемо олеснувањето. Пред се, за оние кои сега непосредно пред Нова година, може да си одат дома.

„Пет години бев во затвор! Во пет метри квадратни. Можете ли да си замислите како изгледаше тоа?, прашува еден Украинец кој беше во затвор во самопрогласената Народна република Донецк и додава дека неговата посебна благодарност оди кај украинскиот претседател Володимир Зеленски!

Ukraine - Russland Gefangenenaustausch | Grenzübergang Mayorsk
Фотографија: Getty Images/AFP/G. Savilov

Тој на почетокот на декември на Самитот за Украина во Париз разговараше за размена на затвореници со рускиот претседател Владимир Путин со медијација на Германија и Франција како предуслов за продолжување на мировните преговори. Тоа што оваа размена беше успешно спроведена е резултат на Самитот во Нормандија, коментира украинскиот министер за надворешни работи Пристајко. И Москва и Берлин реагираа на успешно спроведената размена. Путин и Меркел имаа телефонски разговор во кој оваа размена ја оценија како „позитивна“, соопшти Кремљ синоќа.

Во Украина пак има гласни критики. Пред сѐ поради фактот дека меѓу разменетите затвореници има и пет поранешни членови на специјалните единици Беркут. Против нив се водеа процеси, бидејќи украинската страна ги смета за одговорни за пукањето на плоштадот Мајдан во 2014 година.

Со ова им се одзема на Украинците она што им е најважно – правдата, коментираше на Фејсбук украинскиот режисер Олег Сенцов за размената. И тој самиот во септември беше ослободен во рамките на ваква размена на затвореници меѓу Киев и Москва. Се проценува дека вкупно уште 250 Украинци се уште се во заробеништво во окупираните територии. Затоа украинскиот правобранител Денисова, најави со цела радост дека продолжуваат напорите за ослободување на украинските граѓани.