1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Бебето“ учи да плива

25 мај 2019

Нашата денешна фотографија на денот му ја посветуваме на моржот кој се роди во Зоолошката градина во Хамбург и уште нема ни име.

https://p.dw.com/p/3Izcs
BdTD Walross Polosa
Фотографија: Reuters/F. Bimmer

Три недели старото „бебе“, засега, неговите негуватели нагалено го нарекуваат „куп сланина“ и „мустаклија“. Фотографијата е направена за време на неговиот прв час по пливање. Мајката Полоза притоа мораше активно да му помага на своето 80-килограми тешко младенче.