1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Величенствено славје на Шанзелизе

СН/ агенции
16 јули 2018

Десетици илјади Французи на легендарната улица Шанзелизе во центарот на Париз ја прославија шампионската титула на своите фудбалски миленици на Мундијалот во Русија.

https://p.dw.com/p/31Vfb
Paris Champs-Elysees Weltmeisterfeier
Фотографија: Reuters/C. Platiau

Oваа #ФотографијаНаДенот доловува дел од величенствената прослава во главниот град на Франција , додека на Триумфалната капија во Париз се проектира ликот на еден од најдобрите фудбалери на репрезентацијата, Антоан Гризман. Франција во финалето на СП во Русија со 4:2 ја победи храбрата Хрватска и по вторпат во својата историја ја освои титулата светски шампион во фудбал. Темна дамка на славјето во Париз на кое учествуваа десетици илјади луѓе, меѓутоа, фрлија судирите меѓу полицијата и групи хулигани, кои се однесуваа агресивно и кршеа излози на продавниците на Шанзелизе.