1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Германците и љубовта кон олдтајмерите

СН/ агенции
9 април 2018

Тие се убавци и и вистинска скапоценост за нивните сопственици. Олдајмерите се сѐ почеста глетка на германските улици.

https://p.dw.com/p/2vhFB
BdT Deutschland 8. Oldtimer und Teilemarkt in Dresden
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Hirschberger

Паралелно со растечката куповна моќ на населението, расте и бројот на олдтајмери во Германија. Согласно тоа сѐ почести се и смотрите на старите добро очувани автомобили. Една од нив е и панаѓурот на олдтајмери и делови за нив во Дрезден, кој годинава се одржа по осми пат. На оваа #ФотографијаНаДенот во преден план е еден олдтајмер на БМВ од моделот Дикси кој „гордо“ крстосува по улиците на Дрезден.