1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Коњска прошетка среде град

9 март 2019

Кобилата Џени секојдневно оди на прошетка. И дотука не е ништо чудно. Само што Џени се шета среде град.

https://p.dw.com/p/3EhZB
BdTD Pferd geht täglich alleine spazieren
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler

 На #ФотографијаНаДенот Џени го мириса детето на Рафаел Велштајн, кој е на пат до трамвајската станица во Фехенхајм,  Франкфурт. Сопственикот на Џени секојдневно ја пушта 22 години старата кобила самата да одлучи како ќе го мине денот. За никој да не мисли дека избегала, кобилата носи плочка на која стои „Јас сум Џени, не сум избегана, само се шетам“.