1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кула од аспарагуси

13 април 2019

Германците негуваат посебна љубов кон аспарагусот. Годинава тие можат да им се радуваат на јадењата со омилениот зеленчук многу порано од вообичаеното.

https://p.dw.com/p/3Gfa2
BdTD Deutschland Beginn der Spargelsaison
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

Сезоната на аспарагус во Германија годинава започна многу рано. На овој зеленчук му одговараат сонце и топлина, а тоа оваа пролет има доволно. Од друга страна , екстремно топлото лета минатата година би можело да го намали годинешниот род. Германија е најголем произведувач на аспарагус во Европа и во минатата година извезе речиси 130 илјади тони. Најголем светски производител е Кина.