1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Куќата со најмногу елки

ЕМФ
18 декември 2018

Со повеќе од 300 накитени елки во својата куќа Сузане и Томас Јеромин станаа рекордери. За тоа добија и потврда „црно на бело“ од Германскиот институт за рекорди (РИД).

https://p.dw.com/p/3AHnh
BdT |  Familie schmückt Haus mit 110 Weihnachtsbäumen
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte

„Супер што постигнавме светски рекорд. Но, тоа никогаш не беше целта на сето ова“, вели 52-годишниот Томас. Своето необично хоби го почнал пред околу седум години. Семејството со китење почнува уште во септември. Годинава за да ги украсат своите 316 елки им биле потребни повеќе од 300 синџири со сијалички и 42.000 лампиони. Трошоците за украсите, тврди семејството, не се многу големи, поради поволните понуди на интернет. Она што чини многу е струјата. Куќата на семејството Јеромин е накитена од почетокот на првиот Адвент сѐ до 6 јануари.