1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Посна“ жетва

6 јули 2018

Поради големата суша во големи делови од Германија, жетвата почна порано, а приносите од житото се намалени, ќе бидат далеку под просекот од 47,9 милиони тони во последните пет години.

https://p.dw.com/p/30v6H
BdT Weizen
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Schmidt

Вакви убави полиња со пченица како на #ФотографијаНаДенот, во Баден Виртемберг, годинава се реткост во Германија. Во големи делови од земјата владее суша, жетвата почна предвремено, а приносите од житото се намалени, некаде дури и преполовени. Оваа година беше исклучително неповолна за земјоделците, по влажната зима и студениот старт на пролетта, следеа исклучително високи температури, април и мај беа најтопли од почетокот на мерењето на временските температури во Германија.