1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Потценета штетноста на пушењето

31 мај 2018

По повод денешниот Ден на борба против пушењето, Светската здравствена организација предупредува дека во многу земји се потценува неговото штетно дејство за човековото здравје.

https://p.dw.com/p/2ygqY
Deutschland Symbolbild Nichtrauchen
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Bonß

Бројот на пушачите во светот се намалува, сега се 1,1 милијарда, но не со очекуваното темпо - целта од 2010. до 2025. година да се постигне намалување од 30 проценти, нема да биде достигната. По повод денешниот Ден на борба против пушењето, Светската здравствена организација предупредува дека во многу земји се потценува неговото штетно дејство за човековото здравје. Електронските цигари содржат помалку штетни материи, но исто така се опасни. Седум милиони луѓе годишно умираат како последица на „синиот чад“. Околу 80 проценти од пушачите живеат во земјите во развој, а седум проценти или преку 24 милиони пушачи во светот се на возраст меѓу 13 и 15 години. #ФотографијаНаДенот