1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Пробна пловидба на римски едреник

3 јули 2018

Во Археолошкиот парк Ксантен во Северна Рајна Вестфалија е изградена копија на римски транспортен брод, кој следните две недели плови по Јужното Езеро кај градот Ксантен.

https://p.dw.com/p/30iKS
Bdt - Römisches Segelschiff
Фотографија: picture-alliance/dpa/LVR Zentrum für Medien/D. Schmitz

Како пловеле античките бродови? Одговор на ова прашање се обидуваат да најдат археолозите и бродоградителите во Археолошкиот парк Ксантен во Северна Рајна Вестфалија. Тие изградија копија на римски транспортен брод, кој следните две недели плови по Јужното Езеро кај Ксантен. На #ФотографијаНаДенот: „Миневра Тритонија“ е долг 18 метри, широк 4 метри, плод е на двегодишна рачна работа. Првичните сознанија по првата пробна пловидба - бродот не е едноставен за управување, човек може само да се восхитува на некогашната римска посада, велат експертите.