1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Среќна Нова Година на свињата

СН/ агенции
5 февруари 2019

Ширум Кина но и секаде каде што живеат Кинези, деновиве сеприсутни се свињи и прасиња во најразлични форми.Токму како и на оваа #ФотографијаНаДенот направена во градот Нанинг.

https://p.dw.com/p/3Cif1
China: Chinesisches Neujahr 2019
Фотографија: picture-alliance/dpa

Сето во чест на Новата година, која според кинескиот календар почнува денеска и ќе биде во знакот на свињата. Свињите, според верувањето на Кинезите, носат среќа, богатство и задоволство. Тие важат за разумни и присебни. Најсреќен во новата година ќе биде оној кој ќе се ангажира за социјални цели или за заедницата. Кога Кина во 2007 година последен пат ја славеше годината на свињата, значително порасна бројот на новороденчиња.