1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сурфање на езеро

СН/ агенции
11 март 2019

Орканот „Еберхард“ вчера со моќни ветришта со брзина преку 120 километри на час протатне низ Германија. Бурата предизвика големи материјални штети... Но за некои орканот донесе и неочекувано задоволство...

https://p.dw.com/p/3ElS0
BdTD Deutschland Surfer im Abendlicht
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Endlicher

Химзе е најголемото езеро во Баварија, и на оваа #ФотографијаНаДенот, тоа го оправдува прекарот „Баварско море“. Под налетот на „Еберхард“ во езерото во германската покраина вчера се формираа бранови, кои се погрижија за барем малку „океанско чувство“ меѓу виндсурферите. И во новата недела времето во Германија останува спортско: скијачите и останатите љубители на зимските спортови можат да се радуваат на нови снежни врнежи на Алпите.