1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште пошарен Европски парламент

27 мај 2019

И покрај големите загуби, конзервативците, остануваат најмоќна пратеничка група во Европскиот парламент. Критичарите на ЕУ и Зелените добија поголема поддршка, но разултатите на изборите се разликуваат во одделни земји.

https://p.dw.com/p/3J9kt
Straßburg EU Parlament Plenarsaal
Фотографија: picture alliance / Wiktor Dabkowski

По европските избори,владеењето со ЕУ ќе биде потешко. Поради големите згуби на гласови, демохристијаните и социјалдемократите за првпат заедно немаат мнозинство во Европскиот парламент, така што ќе се бараат сојузи со либералите и со зелените, кои значително го зголемија бројот на пратенички места. Десничарските популисти и националистите од друга страна остварија успег во големите земји на ЕУ, меѓу другото во Италија и Франција. Вистинско вртење кон десно, меѓутоа изостана, меѓуу другото и поради високата излезнот, која изнесуваше околу 50 насто.