1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хонгконг - комеморации за загинатиот студент

8 ноември 2019

На маргините на делумно насилните антивладини протести во Хонгконг, еден студент загинал по пад од гаража.

https://p.dw.com/p/3Sfn2
Hongkong | Gedenken an getöteten Studenten
Фотографија: Reuters/Tyrone Siu

22-годишниот студент вчера подлегнал на повредите од падот, потврдија надлежните служби. Се претпоставува дека тој паднал од третиот на вториот кат на гаражата при обидот на полицијата да расчисти протестна акција. Смртта на студентот веројатно дополнително ќе ги засили за на викенд планираните протести, продемократските демонстранти повикаа на комеморации за починатиот студент.

Протестите во Хонгконг, започнати во јуни, се насочени против кинеското влијание и ограничувањата на слободата во поранешната британска колонија, која по предавањето на Кина, ужива посебен управен автономен статус.