1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Црвени стрели во формација

СН/ агенции
18 јули 2018

Меѓународниот воздухопловен салон во Фернборо е најголем настан од ваков вид во светот. Се одржува на секои 2 години и е составен од голем саем за авионската и индустријата за одбрана како и авиошоу отворено за јавноста.

https://p.dw.com/p/31dAX
Farnborough International Airshow
Фотографија: picture-alliance/empics/M. Cardy

Годинешната манифестација беше отворена во понеделникот со демонстративни летови, како на оваа #ФотографијаНаДенот на која се гледаат неколку авиони од типот Црвена стрела како летаат во формација околу авион од друг тип. До петок водечките производители од авио-индустријата ги претставуваат своите најнови достигнувања и склучуваат договори за испораки на авиони и хеликоптери. Од петок пак до недела се одржува спектакуларното авио-шоу за отворено за јавноста.