Фотографија на денот: Чоколадо на улица
15 декември 2018Реклама
Чоколадниот пат кој, за жал, не води до никакво царство, им зададе голема мака на пожарникарите. Тие со лопати, топла вода и пламеници со часови ја отстрануваа чоколадната маса од патот. Чоколадото, кое се излеало поради технички дефект, заврши во отпад. „Не, не пробавме“, уверува раководителот на групата од 25 пожарникари задолжени со „слатката“ задача, Карстен Корте.