1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција веќе не толерира бурки

11 април 2011

По повеќемесечна информативна кампања, во Франција од денеска стапува во сила забраната за носење бурка на јавни места. Никој нема право во јавноста да носи облека со која се крие лицето, се вели во законот.

https://p.dw.com/p/10rJR
Французите не сакаат сокривање на лицето
Французите не сакаат сокривање на лицетоФотографија: dpa

Законот, кој пред се‘ ги засега муслиманските жени кои го покриваат целото тело, важи и во автобусите, возовите, продавниците и сите јавни служби, во училиштата и болниците. Криењето на лицето противречи на вредностите на државата, е аргументот на владата.

На француското министерство за внатрешни работи му беа потребни три недели за да го срочи упатството за полицијата за спроведувањето на забраната на бурката. За него беа консултирани дури и претставници на муслиманската религија. Тоа покажува колку е деликатна оваа тема. Полицајците добија упатство на девет страници за примената на законот за забрана на бурката. Министерот за внатрешни работи Клод Геант потенцира дека казнувањето на жените не е приоритет:

„Упатството јасно кажува дека прекршувањето на законот не треба да води до тоа некој да стигне во притвор, ниту некој со сила да биде натеран да ја симне бурката. Но, оној кој се спротиставува да го покаже лицето, мора да се соочи со обвинителот“.

Можни се конфликти

Dossier Frankreich verbietet die Burka Dossierbild 3
На жените со бурка и никаб им се закануваат парични казниФотографија: picture alliance/abaca

Француската држава свесно постапува претпазливо, стравувајќи од жалби против дискриминација. Затоа во законот не стојат зборовите „бурка“ или „никаб“, туку формулацијата „покривање“, односно „завиткување“ на телото. Полицијата има инструкции да не врши контроли во близина на џамии, заради обезбедување на слободата на вероисповед. Полицајците треба да се потпрат на комуникација, а не на репресија. Николас Комте, претседател на полициски синдикат, стравува дека примената на законот ќе оди тешко, особено во париските предградија:

„Претпоставка е дека во некои квартови ќе има отпор кон законот, дека ќе постои одбрана на забулените жени, што може да води до конфликтни ситуации, дури и до нереди и судири“.

Казни за жените, но и за мажите

Теоретски, секоја жена која во јавност излегува со целосно покриено тело ризикува да плати казна до 150 евра и да треба да посетува курс за граѓанско општество. Мажите кои ќе ги принудуваат жените да носат бурка или никаб мораат исто така да сметаат со казни-максимално до 30 илјади евра и дури и до една година затвор. Но, докажувањето на ова ќе оди тешко, вели Комте. Во врска со тврдењето дека законот погодува само околу 2 илјади жени во Франција, тој укажува на друг аспект:

Burka Verbot Frankreich Frauen Symbolbild
Фотографија: AP

„Ризикот е овој закон да предизвика дополнителни тензии, зашто муслиманското население може да се почувствува стигматизирано. Неговиот однос кон полицијата и така е комплициран, а законот уште ќе го отежне“.

Сепак, мнозинството Французи се за законот, а мнозинство при донесувањето имаше и во парламентот. Законот за бурката е едно од ретките полиња на кои претседателот Никола Саркози доби широка поддршка, а неговата линија е јасна-на една година пред избори тој се потпира на популистички теми, на таков начин победи во 2007 година.

Автор: Ане Кристине Хекман/Жана Ацеска

Редактор: Трајче Тосев