1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција не се смирува

25 март 2019

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастање веќе нема авторитет, а тоа ги отежнува обидите на претседателот Макрон да најде конструктивен излез од кризата со „жолтите елеци“. Коментира Михаела Вигел од ФАЦ 

https://p.dw.com/p/3FQ3C
Frankreich Gelbwesten | Proteste & Ausschreitungen in Paris
Фотографија: Reuters/P. Wojazer

Франција никако да се смири. На крајот на граѓанската дебата од која требаше да произлезат политички одговори на протестите на „жолтите елеци" Шанзелизе повторно беше сцена на насилство. Уште е свеж шокот заради грабежите, подметнувањето пожари и вандализмот во еден од најскапите делови од Париз. Сликите на демонстранти кои навидум непречено го истураат бесот, не му наштетија само на угледот на Париз во светот. Растат и сомнежите во власта, која се уште е изненадена од насилниот потенцијал на движењето на „жолтите елеци".

Без поука

Франија во изминатите години имаше многумина сјајни министри за внатрешни работи, поранешниот претседател Саркози, поранешните премиери Валс и Казнев. Тоа придонесе и покрај масовни демонстрации и терор да се задржи јавниот ред и мир. Министерот за внатрешни Кастање од почетокот на ноември кога започнаа протестите делува беспомошен. Неговите големи настапи како прв човек во полицијата се спротивни на неговата немоќ да формулира јасна безбедносна стратегија за полицајците. Од срамните случки во декември изгледа дека не извлече никаква поука. Кастанер не сака да сфати дека цел на најрадикалните припадници на „жолтите елеци" е да се сквернават симболите на Франција. Не може да се разбере како и зошто министерот дозволи Шанзелизе да биде место на демонстрации, иако му е јасно неговото симболично значење. Ниту една друга улица не е толку силно втисната во колективната меморија како таа. Зад оградите на авенијата на денот на нацијата се собираат љубопитни граѓани за да ја проследат воената парада. Секој нов претседател токму по таа авенија оди до гробот на непознатиот војник. Кастанер остави впечаток дека нему му е сеедно каде демонстрираат „жолтите елеци". Одговорноста сега ја префрла на началникот на полицијата во Париз, кој ќе биде разрешен од неговата функција. Но, и најдобриот полициски началник не може да делува како што треба без јасни насоки од политиката. Кастање се движи меѓу тешка репресија и "лабав” однос. Прво ги бранеше спорните гумени куршуми на полицијата кои предизвикаа повреди на видот кај многу демонстранти. Минатата сабота сепак ја замолил полицијата да користи помалку гумени куршуми. Тоа е причината што чуварите на редот ја изгубија контролата над демонстрантите. Објаснувањата немаат тло. Министерот се заплеткува во противречности.

Christophe Castaner französischer Innenminister
Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф КастањеФотографија: Getty Images/AFP/J. Demarthon

По оставката на Жерар Коломбс минатиот октомври на Макрон му падна тешко да пронајде нов министер за внатрешни работи. Изборот падна на Кастање бидејќи тој најмногу се залагаше за функцијата. Компетентност и искуство поранешниот регионален политичар за безбедносни прашања од редовите на социјалистите не можеше да ги докаже. Ова е мизерија на претседателското движење Ла Република основано во април 2016 година. Претседателот нема созреана партија со искусни политичари зад себе. Личноста на Кастање покажува колку поразително може да биде тоа.

Дебата или маневар?

Губењето на авторитетот на министерот за внатрешни работи ги оптовари обидите на претседателот да најде конструктивен излез од кризата со „жолтите елеци". Широката граѓанска дебата доби зачудувачка поддршка. Насекаде во земјата Французите разговараат за нивната иднина. Самиот Макрон сега дебатираше со повеќе од 60 интелектуалци и пред сѐ ја демонстрираше неговата способност да слуша. Французите речиси никогаш како сега, освен за време на изборна кампања, развија толку интересни идеи и предлози за својата земја. Како претседателот ќе ги оцени пораките од граѓаните? За граѓанската дебата да не биде запаметена како комуникациски маневар, претседателот мора да покаже дека не се насилните протести тие кои ги одредуваат неговите постапки, туку конструктивните придонеси на мирољубивите Французи.

Frankreich Gelbwesten | Ausschreitungen in Paris | Krisensitzung Philippe & Macron
Кризна седница на владата. Премиерот Едуар Филип и претседателот Емануел МакронФотографија: picture-alliance/dpa/Blondet Eliot/Maxppp

Не се очекува цврстото јадро на протестантите од „Жолтите елеци" да се откаже. Токму затоа на претседателот му треба влијателен министер за внатрешни работи, кој во тесна соработка со полициските сили ќе го организира обезбедувањето на протестите. Но репутацијата на Кастанер е исто така нарушена од приватните каприци. По скандалот околу тајната љубовна врска на поранешниот претседател Оланд, Французите алергично реагираат кога еден политичар ќе се најде на насловните страници на жолтиот печат. Тоа особено важи за министер за внатрешни работи од кој се очекува да биде пример како прв човек на полицијата и жандармеријата.
Конечно во игра е ставен и кредибилитетот на Макрон како еден од водечките европски политичари кои ги поставуваат насоките за европските политики. Токму во делот на внатрешна политика и безбедност тој во најновото писмо до европските граѓани даде важни предлози. Неговите инцијативи за ново-регулиран Шенгенски простор со единствена регулатива за азил, заеднички европска агенција за азил и засилена гранична контрола нема да бидат сериозно земени в предвид, ако францускиот министер за внатрешни работи потфрли во однос на демонстрациите. 

Michaela Wiegel www.faz.net 

„Alle Rechte vorbehalten. „©“Frankfurter Allgemeine Zeitung GmbH, Frankfurt am Main