1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Француска мајка за Опел?

ЕМФ/дв8 јануари 2013

Францускиот автопроизводител „Пежо“ губи удел на пазарот и крати работни места. На германски „Опел“ веќе му се закануваше банкрот. Дали сега од два слаби може да настане посилен концерн?

https://p.dw.com/p/17FyM
Фотографија: Getty Images

Француската влада треба да се залага за тоа Пежо-Ситроен (ПСА) да го купи германскиот автопроизводител Опел. Целта е да се создаде европски шампион, кој ќе им биде конкуренција на германските концерни, особено на Фолксваген, пишува весникот „Ле Монд“, повикувајќи се на соработници во француското министерство за финансии и опкружувањето на францускиот претседател Франсоа Оланд.

Околу можна фузија на ПСА и Опел се шпекулира постојано откако Џенерал Моторс (ЏМ), концерн мајка на Опел, пред една година влезе со свој удел од 7 проценти кај Французите. Во рамки на својата стратешка алијанса ЏМ и ПСА, во меѓувреме, потпишаа договори за заеднички развој на три проекти за автомобили и џоинт венчр.

ЏМ вели дека не го зема Пежо за невеста

Според медиумски извештаи, ЏМ се откажал од фузија на ПСА и Опел поради финансиските проблеми на Французите, кои мора да се борат против драматичниот пад на продажбата и планираат кратење на 8 илјади рабони места. „Единствено средство за да се убедат Американците е ПСА да го купи Опел директно“, цитира „Ле Монд“ извор во француското министерство за финансии.

Според овој извор, во опкружувањето на Оланд се стравува дека Фолксваген сака преку борба со цени да го елиминира ПСА. Тоа би можело да се спречи единствено преку приближување на ПСА и Опел. Од каде би дошле парите за ваква зделка, не е познато.