1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаг: Соочување на Скопје и Атина на 21 март

21 јануари 2011

На 21 март во Меѓународниот суд на правдата во Хаг е закажана усната расправа по тужбата на Македонија против Грција за кршење на Привремената спогодба со попречување на приемот на Македонија во НАТО

https://p.dw.com/p/100Q8
Салата за процеси во Меѓународниот суд на правдата во ХагФотографија: picture-alliance/ dpa

Со соочувањето на аргументите на Македонија и на Грција во усната расправа во Хаг на 21 март процесот влегува во клучна фаза и се очекува пресудата да биде донесена најмногу за шест месеци или до крајот на годинава.

Усната расправа како што јавуваат грчките медиуми би требало да трае две недели почнувајќи од 21 март, кога двете страни ќе ги елаборираат своите аргументи.

Пресудата е правно обврзувачка

Mazedonien NATO Mazedonische Fahne und NATO Fahne
Приемот на Македонија во НАТО попречен од страна на ГрцијаФотографија: DW / Petr Stojanowski

Македонија поднесе тужба против Грција во Судот во Хаг на 17 ноември 2008 година со образложение дека Атина со блокадата на македонското членство во НАТО го нарушила член 11 од билатералната Привремена спогодба од 1995 година. Од Меѓународниот суд на правдата се бара да и наложи на Грција да ги почитува своите обврски предвидени од Привремената спогодба, која е правно обврзувачка за двете земји.

Атина најави дека својата одбрана ќе ја базира на тоа дека на Самитот во Букурешт немало вето, туку консензус меѓу членките приемот на Македонија во Алијансата да се одложи до решавањето на спорот за името. Грција тврди и дека има контра-аргументи со кои ќе се обиде да докаже дека Македонија била страната што ја прекршила Привремената спогодба.

Пресудите што ги носи Судот се конечни и правно обврзувачки, а за нивното спроведување и почитување надлежен е Советот за безбедност на ОН.

Автор:СН/БГ/миа

Редактор: Симе Недевски