1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хелголанд - видовите изчезнуваат

2 јуни 2008

Промената на климата на земјата значи и промена на биолошките системи, еден пример е Северното море. Надлежните органи веќе отворено зборуваат за алрамантната ситуација и бараат да се преземат мерки.

https://p.dw.com/p/E8Nd
Брегот на ХелголандФотографија: DW

Вистински јастог од Хелхголанд е и останува деликатес, иако по природа тој не е предодреден за лонец за готвење. Имено во Хелголанд јастогот веќе не се наоѓа во мени картите на рестораните, туку во списокот за заштитени видови. Филип Фишер, екологист од Билолошкиот иснтитут во Хелголанд појаснува „Гледаме преку јастогот на пример, тој порано овдека го формираше опстанокот, пред 50, 60 години, сега оваа популација е целосно разбиена.“

Риби од лабараторија

Поминаа времињата кога во Хелголанд се ловеа и до осумдесет илјади јастози годишно. Денеска тој се одгледува на скап начин во лабараторија и на возраст од една година се пушта во Северното море. Но не само јастогот од Северното море полека исчезнуваат и балкаларот и еден вид морски костреж. Причинте се од домашно производство и добро познати „Она што во секој случај го гледаме се влијанијата. Од нив со години стравуваме и ги следевме, тоа што на пример со затоплувањето на климата но и со постојан прекумерен лов на рибниот фонд на бакаларот тој исчезнува.“

Бакаларот во аквариум

Наскоро на бакаларот ќе може да му се воодушевуваме само во аквариум, исто како што е случајот со моруната. Штефан Лојсман, биолог и раководител на аквариумот во Хелголанд презентирајќи ја европската моруна истканува „Ова е последната уловена овде во Северно море. 1968 година. Има околку 50 години. Овој вид е исчезнат и важи за изумрен во Севрното и Балтичкото море.“

Медузи во Северното море

Прекумерното ловење од забава значеше и крај и измуирање на моруната. За изумирањето на еден вид морски костреж и сончевата ѕвезда пак е виновна промената на климата. Но топлината не ги протерува сите, таа и привлекува некои видови. Така на пример морските билози се почесто наоѓаат лакомите медузи како на пример видот Pleurobrachia pileus.

Тие се мали и незабележливи, но поради топлината вистински заживуваат. А тоа е проблем смета и билогот Кататрина Шоо, од Билошкиот иститут во Хелголанд „Тие се многу многу лакоми. А ако можете да си претставите дека со затоплувањето на климата се појавуваат се повеќе вакви животинчиња кај нас, тогаш може и да замислите какви консеквенции сето ова има.“

Малите медузи против големите риби

Имено малата медуза не само што им ја јаде храната на големите риби, таа ги јаде и нивните поколенија, затоа билозите особено внимаваат на малите жители на морето. Милхаел Милер од министерство за животна средина се залага за поголема заштита на рибите „Во секој случај мора повеќе да сториме и да забраниме одредени форми на риболов. Јас мислам да се воспостават повеќе заштитни зони.“

Но доколку еколошкиот систем во Сверното море и натаму се менува со вака брзо темпо наскоро нема да постојат бакалари за да се заштитуваат, имено оние риби што нема да бидат уловени, самите се повлекуваат од се потоплото Северно море, за остатокот нема храна, бидејќи нејзе ја јадат медузите. За луѓето пак тоа би значело:порција медуза наместо добро парче бакалар.