1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хилари Клинтон e фаворит и покрај новата истрага на ФБИ

Михаел Книге
2 ноември 2016

Хилари Клинтон останува фаворит и покрај новата истрага на ФБИ. Сепак, резултатите од една анкета се причина за размислување за нејзините идни чекори.

https://p.dw.com/p/2S1JI
USA Hillary Clinton in Ohio
Фотографија: Reuters/B. Snyder

Последниот пресврт во непредвидливата сага на претседателските избори во САД можеби му фрли појас за спасување на Доналд Трамп и неговата проблематична кампања, велат експертите, но тоа, досега, не ја смени основната динамика на трката за Белата куќа затоа што Клинтон сѐ уште е фаворит.

Минатиот петок Трамп веднаш ја искористи можноста да го подобри имиџот на она што многумина го нарекоа пропадната понуда на Републиканската партија за претседател, со досега, најнепопуларниот кандидат.

Откако се рашири веста дека ФБИ истражува нова серија на имејл пораки кои можеби се поврзани со претходната истрата за приватниот имејл сервер на Клинтон, на републиканскиот претседателски кандидат не му требашо долго време истото да го искористи за разгорување на страстите кај неговите поддржувачи.

USA Michigan Präsidentschaftskandidat Donald Trump
Фотографија: Reuters/C. Allegri

Нема голем ефект

На митинг во Њу Хемпшир, истиот ден, Трамп ја опиша новата истрага на ФБИ како „поголема од скандалот Вотергејт“ и тврдеше - „ќе ја вратиме назад Белата куќа“.

Но тоа ветување – една недела пред денот на изборите – повеќе е неостварлива желба отколку реалност, велат политиколози со кои разговараше ДВ.

„Не очекувам дека ќе има голем ефект“ изјави Џејсон Робертс, научник од областа на американските политички институции на Универзитеот во Северна Каролина.

„Откритијата на директорот на ФБИ веројатно нема да ја сопрат победата на Клинтон“, изјави Лери Јакобс, директор на Центарот за студии на политики и владеење на Универзитетот Минесота.

Неколку нови национални и регионални анкети спроведени по објавувањето на информациите на ФБИ покажуваат дека поддршката за Трамп се зголемува. Но, во ниту едно од овие истражувања на јавното мислење не е наведено дека Трамп води пред Клинтон.

Овој развој е соодветен на проценките на експертите за состојбата на рејтингот на кандидатите на самиот крај од кампањата.

Berlin Wahlen zum Abgeordnetenhaus erste Wahlergebnisse Anhänger CDU
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

Мал сегмент на неопределени гласачи

„Има многу мал број на неопределени гласачи и најверојатно од таму произлегуваат промените кои ги гледаме во анкетите“, изјави Берт Рокман, експерт за американскиот претседателски систем на Универзитетот Пурдју.

Трамп може да добие одредена предност кај неопределените гласачи, кои инаку се најнеинформираните и најнепредвидливите сегменти на електоратот, но тоа најверојатно не е доволно да го помести балансот во полза на републиканскиот кандидат.

Експертите објаснуваат дека тоа е така затоа што мнозинството гласачи, вклучувајќи ги и верните поддржувачи на Трамп и Клинтон, веќе одамна имаат одлучено кој кандидат ќе го поддржат и затоа нивното мислење нема да биде променето поради истрагата на ФБИ.

Покрај тоа, според анализата на Си-Ен-Ен на предвременото гласање, околу 18 милиони Американци веќе ги дадода своите гласови - пред да биде објавено во јавноста за истрагата на ФБИ. Во некои клучни држави, додава Џејкобс, повеќе од една четвртина од гласовите се веќе дадени.

USA - Wahlbox
Фотографија: Getty Images/AFP/S. Maturen

Предност кај делегатските гласови

Доналд Трамп ги одврати практично сите важни сегменти на електоратот, освен работничката класа кај белите мажи, па поради тоа, тешко е да се утврди од каде би можеле да дојдат големи поместувања на јавното мислење со цел да се промени нешто на самиот крај на претседатеслата трка, забележува Томас Вален, експерт за политика на претседателскиот систем во САД на Универзитетот Бостон. Како резултат на тоа, Вален изјави дека обзнанувањето на истрагата на ФБИ „би требало да ја намали разликата на победата, но сметам дека Клинтон би требало да победи“.

Победа за Клинтон изгледа сѐ повеќе веројатна кога фокусот ќе се тргне од националните анкети и ќе се погледне она што навистина е релевантно за одлучување кој ќе ја освои Белата куќа: делегатските гласови.

„Доколку нема поголемо поместување на ставовите кај гласачите од она што го гледаме сега, изгледа дека Клинтон има добра предност кај делегатските гласови, а тоа е она што е важно на крајот“, оценува Рокман. За Клинтон сѐ уште има многу повеќе реалистични патеки да дојде до неопходните 270 делегатски гласови за разлика од Трамп.

Иако Клинтон останува јасен фаворит во оваа трка, една статистика би требало да ја натера на размислување дури иако таа победи на крајот. Според анкета на Вашингтон пост и АБЦ-Трекинг пол, 59 проценти од регистрираните гласачи имаат негативно мислење за Клинтон. Тоа значи дека на само една недела пред денот на изборите, кон Клинтон сега се гледа исто толку негативно како и кон републиканскиот опонент.