1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ губи 170 милијарди евра годишно од даночна евазија

БГ /РТР
22 јануари 2020

Земјите членки на ЕУ во изминативе седум години загубиле повеќе пари од даночна евазија од целиот буџет на ЕУ во истиот период, предупредува полски институт. На удар особено се мултинационалните компании.

https://p.dw.com/p/3WeB7
Symbolbild Steuerflucht Schwarzgeld
Фотографија: picture alliance / John Greve

Даночното затајување и даночната евазија ги чинат земјите-членки на ЕУ околу 170 милијарди евра секоја година, тврди во истражување Полскиот економски институт. За податоците вечерва ќе се расправа на Светскиот економски форум во Давос. Полскиот институт бара Европската комисија да добие право да ги санкционира ткн. „даночни оази во ЕУ“ во земји кои профитираат од вештачко прелевање на профитот од страна на големите компании. 
„ЕУ треба да преземе сеопфатни мерки за санирање на даночниот систем со цел да добие дополнителни извори за финансирање на новиот буџет по излегувањето на Обединетото кралство“, соопшти Институтот.
Од загубените 170 милијарди евра кои се губат годишно, 60 милијарди евра потекнуваат од вештачкото префрлање на профитот од страна на мултинационалните компании- од земји со повисока даночка стапка во земји со помала. Околу 46 милијарди евра се губат поради префрлањето на средствата на богатите поединци, додека 64 милијарди евра се губат поради прекуграничните измами со данокот на додатна вредност. 

Подетални информации на оваа тема на следниот линк. 
Најпогодени од загубите кои ги предизвикуваат мултинационалните компании се Германија (18 милијарди евра), Велика Британија (14 милијарди) и Франција (11 милијарди).
„Некои ЕУ членки профитираат од вештачкиот профит и треба да се нарекуваа даночни оази на ЕУ. Тие земји се: Холандија, Ирска, Белгија, Луксембург, Малта и Кипар“, се наведува во извештајот.
Загубите на ЕУ членките во период од седум години достигнуваат 1,190 милијарди евра, или една четвртина повеќе од севкупниот буџет на ЕУ за периодот 2014-2020 кој изнесуваше 960 милијарди евра.