1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шведска: доколку не нападнат, се бара отпор!

БГ
22 мај 2018

Брошурата „Доколку се случи криза или војна“ ги советува Швеѓаните за рационализирање, пропаганда и чиста вода. Иако Шведска не војувала веќе 200 години, во земјата расте загриженост од можна руска агресија

https://p.dw.com/p/2y6ar
Schweden Broschüre Warnung für Konfliktfall
Фотографија: Reuters/Government of Sweden

Шведската влада во понеделникот го најави планот за издавање памфлет до сите граѓани со инструкции како да се однесуваат во случај на можен воен конфликт, поради агресивното однесување на Русија во регионот на Балтикот.
Насловен „Доколку се случи криза или војна“, упатството на 20 страници објаснува како да се најде засолниште од бомби, питка вода, да се складираат храна и други потрепштини и да се разликува пропаганда од точни вести. Инструкциите се прва кампања од ваков вид во Шведска од крајот на Студената војна.
Дан Елиасон, прв човек на Шведската служба за цивилна заштита изјави дека „и покрај тој што Шведска е побезбедна од повеќето држави, сепак постојат закани“.
„Важно е секој да знае што може да не загрози за да се подготвиме во случај да се случи нешто сериозно“.
Од анексијата на Крим во 2014 година, Шведска во повеќе наврати ја обвини Русија за нарушување на нејзиниот воздушен простор.
Кремљ инсистира дека Западот шири „Русофобија“ со тврдењата за руска агресија, како минатата недела кога Полска откри келија за која се сомнева дека подготвувала „хибридна војна“ во нејзините граници.
Шведска не била во војна од 1814 и конфликтот со соседна Норвешка. Во 2016, владата најави дека го зголемува воениот буџет, за првпат по повеќе години намалување.