1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шведска потпиша барање за прием во НАТО

ЕМФ | Тагесшау
17 мај 2022

Само еден ден по најавата, Шведска денеска потпиша барање за прием во НАТО. Се очекува во текот на денов истото да го стори и Финска.

https://p.dw.com/p/4BPeg
Symbolbild schwedische und NATO-Flaggen
Фотографија: Dado Ruvic/Illustration/REUTERS

Шведска го потпиша барањето за прием во НАТО. Министерката за надворешни работи Ан Линде стави потпис на барањето и изјави дека ќе го испрати до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Има чувство дека ова е вистинската одлука за Шведска“, изјави таа.

Шведската влада вчера (16.05) најави поднесување на барање за прием во НАТО по парламентарната дебата околу ова прашање. Во текот на денов се очекува и официјално барање за прием во НАТО од страна на Финска. Финскиот претседател Саули Нинисто треба да се сретне со шведската премиерка Магдалена Андерсон и да одржи говор во парламентот во Стокхолм. Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густав ја потенцираше намерата на својата земја да се приклучи во НАТО „истовремено и во договор со Финска“. На прес-конференција со Нинисто во Стокхолм, шведскиот монарх изјави дека предизвиците кои произлегуваат од руската инвазија на Украина значат „шанса за консензус и продлабочена соработка за да се биде посилен“. Нинисто, пак, рече: „Нашата безбедносно-политичка линија е одамна слична. И сега, со оглед на тоа што тоа го бара ситуацијата, правиме заеднички чекори.“

Schweden Stockholm | Besuch Präsident Finnland Niinistö | mit König Carl XVI. Gustaf
Финскиот претседател Саули Нинисто и шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густав во Стопкхолм, 17.05.2022Фотографија: Anders Wiklund/TT/REUTERS

Шведска е неутрална повеќе од 200 години. Финска стана неутрална по крајот на Втората светска војна. По руската инвазија на Украина, јавното мислење во двете земји се промени.

Турција ги кочи напорите за приклучување кон НАТО

Најголемиот дел од НАТО-државите ветија прием на Шведска и Финска најбрзо што е можно. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се спротивставува на приемот на двете земји поради нивната политика кон Курдите. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги повика државите членки на Алијансата да ги земат сериозно предвид барањата на Анкара. „Турција е ценет сојузник и треба да се разгледаат сите безбедносни забелешки“, изјави Столтенберг вчеравечер, по разговорите со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. „Во овој историски миг мора да бидеме заедно“, рече Столтенберг.