1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц и Макрон ќе посредуваат меѓу Русија и Украина

ЖА / агенции
16 декември 2021

Германија и Франција планираат поинтензивно посредување меѓу Москва и Киев поради најновите тензии на руско-украинската граница.

https://p.dw.com/p/44LRV
Belgien | Gipfeltreffen der östlichen Partnerschaften
Фотографија: Kenzo Tribouillard/AP Photo/picture alliance

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон во Брисел разговараа за ситуацијата со украинскиот претседател Владимир Зеленски. Се дискутира околу обновување на т.н. Нормандиски формат, беше соопштено од француски извори.

Во оваа четиричлена контакт-група, Германија и Франција посредуваат меѓу Русија и  Украина  од 2014 година. Раководството во Москва, по полититичкиот преврат во Украина, таа година го присвои украинскиот полуостров Крим, а истовремено Кремљ почна со поддршка на сепаратистите во источна Украина, што трае до денес.

Сѐ додека Русија не се согласи на директен дијалог со Украина, наместо разговори на четирите членки, ќе се водат разговори со учество на три членки на контакт-групата. Шолц, Макрон и Зеленски се надеваат во наоѓање трајно решение заради заштита на територијалниот интегритет на Украина, се истакнува од Елисејската палата во Париз. Макрон претходната вечер вторпат во краток период имал телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Досега единствениот Нормандиски самит со присуство на четирите страни, со Путин и Зеленски, се одржа на крајот на 2019 ходина во Париз.

По разговорите во Брисел, украинскит претседател Зеленски изјави дека очекува  Русија да ја повлече својата војска и оружје од границата. На прес конференцијата тој се заложи и за итни санкции против Русија, кои би го натерале Путин да почне веднаш со повлекување. Казнени мерки како реакција на руски напад врз Ураина, според него би биле без значење.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен уште еднаш јасно ја предупреди  Русија: „Пораката е недвосмислена: доколу Русија преземе натамошни агресивни дејства против Украина, ќе следат сериозни трошоци и последици.“

И шефот на Советот на ЕУ  Шарл Мишел истакна дека Русија ќе плати висока цена доколку го повреди територијалниот интегритет на Украина. Денеска во Брисел на темата ќе се дискутира на самитот на ЕУ.