1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ја губи ли Бразил контролата врз пандемијата?

Томас Милц
13 март 2021

Во Бразил екстремно расте бројот на заболени и смртни случаи од коронавирусот. Земјата наскоро може да има повеќе починати од корона и од САД. Претседателот Болсонаро сѐ уште се спротиставува на ограничувањата.

https://p.dw.com/p/3qY7R
Brasilien | Coronakrise: KRankenhaus in Porto Alegre
Фотографија: Diego Vara/REUTERS

Корона-ситуацијата во Бразил е драматична. Во четвртокот, за 24 часа има 2207 починати, а денот претходно се регистрирани 2286 жртви. За првпат се регистрирани над 2000 починати во рок од 24 часа. Медиумите деноноќно емитуваат слики од очајни луѓе кои стравуваат за животите на своите најмили. „Екстремно сериозна и трагична“ ја оценува ситуацијата бразилскиот лекар и невролог Мигуел Николелис. „Ова е најлошиот момент во Бразил од почетокот на пандемијата.“ 

Порастот на бројот починати и заразени (во четвртокот се регистрирани близу 80.000 случаи) за сега не може да се сопре, објаснува Николелис во разговор за ДВ. Научникот стана познат во целата земја поради неговите прецизни прогнози. Само пред неколку недели рече дека бројот на починати ќе достигне до 3000 дневно. Но, вели згрешил. „Според моите проценки тоа требаше да биде на крајот на март, но како што стојат работите ова ќе го достигнеме веќе следната недела, па дури и порано,“ вели тој. 

Ковид-19 во Бразил: Плажите полни, болниците преполни

 Експертите стравуваат дека ќе има по 3000 починати на ден 

 Сега се случува она за што научниците предупредуваат веќе цела година. „Пандемијата целосно излезе од контрола, и се потешко е да се даваат прогнози бидејќи здравствениот систем колабираше во многу околни држави.

Повеќе:

-Уникатен Ковид-експеримент: Серана - вакцинираниот град во Бразил

-Бразил – лабораторија за тестирање вакцини против коронавирус

-Бразил е на пат кон корона-катастрофа

Недостатокот од кревети по болниците, а особено на интензивна нега уште повеќе придонесува за пораст на бројот смртни случаи.“ Во вакви околности е тешко да се даваат прецизни прогнози. „Но, во следните недели може да ги надминеме дневните црни рекорди на САД.“ Тоа би значело до 5000 починати на ден. 

Колапс на здравствените системи 

Од многу региони доаѓаат лоши вести за преполни болници. Дури и прескапите приватни клиники се преполни. Во најнаселената држава Сао Паоло во некои болници е регистриран над 300 проценти зголемен прием на интензивна нега за само една недела. Веќе следната недела таму се заканува колапс. 

Brasilien | Coronakrise
Фотографија: Alexandre Schneider/Getty Images

Министерот за здравство Едуардо Пазуело ги отфрла таквите наводи. „Ништо не колабирало, ниту ќе се случи такво нешто,“ вели генералот чиј кредибилитет од неодамна е разнишан. Против него се води истражна постапка поради колапс на набавка на кислород за болниците во Манаус, кон средината на јануари. Се вели дека знаел на време за ситуацијата, но не преземал ништо. Наместо кислород во болниците испратил од неефикасниот лек хлорокинин. Во моментов тој исто така постојано го коригира бројот на вакцини кои се очекуваат да пристигнат во земјата. 

Нема вакцини на повидок 

Владата долго време се потпираше само на британско-шведскиот концерн АстраЗенека кој има проблем со испорака на нарачките. Од друга страна Болсонаро од политички причини се обидуваше да ја саботира иницијативата на федералната земја Сао Паоло, директно од Кина да набави од кинеската КоронаВак.

Во моментов КоронаВак вакцината е единствената достапна во поголеми количини во Бразил. Кон крајот на 2020 година Болсонаро, кој неодамна повторно се изјасни категорично против вакцини, ја одбил понудата за 70 милиони дози од Бионтек/Фајзер. 

Екс-претседателот Лула со критика за короната

Во средата екс претседателот Луис Инасио Лула Да Силва (2003-2010) со остра критика за политиката на Болсонаро во однос на короната, повторно се врати на политичката сцена. „Немојте да следите ниту една од глупавите препораки на претседателот или на министерот за здравство", го советуваше народот политичарот кој и натаму има силно влијание. Тој побара од Бразилците да се вакцинираат. Преку 270 илјади мртви од корона одат на сметка на Болсонаро кој се противеше да формира кризен штаб, тврди порнашениот синдикален лидер. „Оваа земја нема влада!"

Кратко потоа Болсонаро се појави со маска во јавноста, иако претходно категорично отфрлаше носење маска. Аналитичарите сметаат дека јавниот притисок од критиката од Лула е заслужен за пресвртот. Социологот Деметрио Мањоли пак се противи на таквиот став. „Се преценува влијанието од говорот на Лула." Болсонаро неговата политика уште пред две недели почнал да ја менува поради напливот заболени од вториот бран коронавирус, вели Мањоли за ДВ. Во штабот на Болсонаро утврдиле дека имало пад на популарноста на Болсонаро. Освен тоа гувернерите и Конгресот најавиле дека ќе покренат иницијатива за купување вакцини, независно од владата. „Болсонаро не се грижи за реизбор следната година, туку за стабилноста на актуелната влада", смета Мањоли. „Владата е до гуша во проблеми и тие само се намножуваат." Тоа дотолку повеќе што моментално речиси и да нема расположливи вакцини за купување. 

Експерти советуваат да се воведе строг локдаун

Експертите со оглед на недостигот на вакцини бараат во целата земја да се воведе строг локдаун. „Нема веќе алтернатива за такво нешто", вели Николелис. Покрај тоа, заради многу позаразна варијанта на вирусот која ја има во Бразил е потребна е и изолација на земјата. „Бразил моментално е најголемата лабораторија под отворено небо во светот, во која може да се создадат и други варијатни." Заради опасноста за цел свет, меѓународната заедница е на потег да го снабди Бразил со вакцини, вели Николелис. 

Наспроти тоа социологот Мањоли смета дека строг и повеќемесечен локдаун како во Европа во Бразил не е можно да се спроведе. За тоа недостига потребниот политички консензус, како и персонал во полицијата за да се спроведат ограничувањата во огромните региони на сиромаштија. Де факто луѓето на периферијата од големите градови помалку ги почитуваат мерките за носење маска. На пример во сиромашната северна зона на Рио и покрај експлодирачки бројки на заразени речиси никој не носи маска. Претседателот Болсонаро на многу луѓе им служи како лош пример. Во четвртокот тој полицискиот час воведен од повеќе градоначалници и гувернери ги означи како „вонредна состојба”. Економските нуспојави од локдаунот се полоши од самиот вирус и милиони работни места ќе бидат загубени е тезата која ја застапува Болсонаро. Мерките покажувале колку брзо во Бразил „може да се воспостави диктатура”.