1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џо Бајден го урна рекордот на освоени гласови

ДТЗ /ДВ
4 ноември 2020

Поранешниот потпретседател досега има освоено 69,9 милиони гласови. Тоа е за околу 300.000 гласови повеќе отколку што Барак Обама доби во 2008 година, што беше претходен рекорд.

https://p.dw.com/p/3kshq
US Wahlen 2020 | Präsidentschaftswahlen in den USA - Joe Biden
Фотографија: Kevin Lamarque/Reuters

Демократот Џо Бајден доби повеќе гласови од сите што некогаш се кандидирале за претседател на САД, иако гласовите во неколку американски сојузни држави се уште се бројат.
Тој досега има освоено 69,9 милиони гласови, според Асошиејтед прес. Тоа е за околу 300.000 гласови повеќе отколку што Барак Обама доби во 2008 година, што беше претходен рекорд.

Бајден којшто учествува во тесна и неизвесна борба за изборните гласови, има 2,7 милиони гласови предност во однос на претседателот Доналд Трамп. 

-повеќе на темата: Трамп: Застрашувачко непочитување на демократијата

Милиони гласови сè уште се сумираат низ целата земја, вклучително и во Калифорнија, каде има извештаи за околу 64% од гласовите. Водството на Бајден е многу веројатно дека ќе расте, бидејќи во Калифорнија сè уште има милиони гласови и Бајден освојува две третини од гласовите во моментов.

Водство

Бајден го презеде водството и во државите Висконсин и Мичиген, откако Трамп водеше рано утрово, отварајќи му пат на Бајден до 270 изборни гласови потребни за да ја добие претседателската функција. Кампањата на Трамп вечерва најави дека ќе бара пребројување во Висконсин, а веќе поднесе и тужба до локалниот суд за прекин на броењето на гласовите во Мичиген.

Над 100 милиони Американци гласаа уште пред 3 ноември, па се очекува овие избори да имаат најголема излезност во историјата. Трката помеѓу Трамп и Бајден останува тесна и тензична, иако актуелниот претседател избрза утрово и прогласи победа.

На победа се надева и кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Џо Бајден.

„Тука сум да ви кажам дека веруваме оти сме на добар пат да победиме на изборите“, рече тој во обраќањето пред приврзаниците. Шефот на неговиот предизборен штаб изрази уверување дека тие се на јасен пат до победата и дека Бајден ќе биде новиот претседател на Соединетите Американски Држави. Бајден истакна дека знае оти за победата ќе треба време, кое е неопходно за да се избројат сите гласови добиени по пошта. Тој додаде дека трпеливоста е неопходна додека не заврши напорната работа за броење гласови. Според него, изборите нема да бидат завршени сè додека не се избројат сите гласови.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема