1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вилијамсон мора да се дистанцира од своите изјави

Дојче Веле5 февруари 2009

Ватикан поставува услови за повторно прифаќање во црквата на негаторот на холокаустот, британскиот бискуп Ричард Вилијамсон и „Братството Пиј. “Изјавите на Вилијамсон не му биле познати на папата Бенедикт Шеснаесетти.

https://p.dw.com/p/GnSM
Како да се смири бурата: папата Бенедикт ШеснаесеттиФотографија: AP

Ватикан се обидува да ја смири аферата со повторниот прием на традиционалистите во црквата со официјално барање за нивно извинување. На својата неделна генерална аудиенција папата Бенедикт Шеснаесетти лично воопшто не ја спомена темата, но особено по критиката од германската канцеларка Ангела Меркел, беше јасно дека Ватикан мора да реагира во некаква форма. Кардиналскиот државен секретаријат, така да се рече министерството за надворешни работи на Ватикан, сега од спорниот бискуп Ричард Вилијамсон писмено побара јавно и апсолутно недвосмислено да се дистанцира од неговите досегашни изјави.

Неговите ставови се целосно неприфатливи и остро отфрлени од папата Бенедикт Шеснаесетти. Папата пред една недела ја изрази својата целосна солидарност со постарите еврејски браќа. Освен тоа, стои во писмото, папата не знаел за изјавите на Вилијамсон кога ја укинувал екскомуникацијата. Последнава забелешка е официјална потврда дека нешто не е во ред во комуникациската структура на Ватикан и дека папата всушност лошо бил информиран.

Ватикан поставува услови

Вилијамсон се извини за своите изјави кај папата, но не се дистанцира од нив. Државниот секретаријат сега оди чекор натаму. За недвојбено признавање, „Братството Пиј“ мора да ги прифати реформите на Вториот ватикански концил, како и учењето на сите папи, почнувајќи од Јован 23, под кои се одржувал Концилот. Ватикан укажува дека укинувањето на екскомуникацијата ги ослободува четворицата бискупи од тешка канонска казна. Но, како и порано, во правната ситуација на „Братството Пиј“ ништо не се менува, тоа и натаму е непризнато од Католичката црква. Четворицата бискупи исто така не можат да вршат никаква функција во рамките на црквата.

Symbolbild Holocaust Vatikan Dilema
Дилема: папата и негаторот на холокаустот, бискупот ВилијамсонФотографија: picture-alliance / dpa

На потег се спорните бискупи

Светиот татко со укинувањето на казната сакал всушност да отвори врата кон дијалог. Сега се очекува и бускупите да покажат иста готовност и целосно да го прифатат учењето и дисциплината на католичката црква. На тоа укажува и надбискупот Роберт Цолич, претседателот на германската Бискупска конференција:

„Сега на потег е ’Братството Пиј’, а секако пред се‘ бискупот Вилијамсон, да ги повлече своите неприфатливи тези.“

Што ќе се случи ако спорните бискупи не реагираат така, не е јасно. Чисто теоретски, папата би можел да ја повлече својата одлука. При притисокот врз Ватикан кој постојано расте, тоа би било најверојатно. Нејасно е исто така колку би било веродостојно извинувањето на спорниот негатор на холокаустот, не само да се дистанцира од своите изјави, туку дали го сменил своето мислење.

Реакции од сите страни

Charlotte Knobloch Präsidentin des Zentralrats der Juden in Deutschland
Шарлоте КноблохФотографија: picture-alliance/ dpa

„Ове сега го оценувам како прв чекор. Сметам дека тоа е нешто што навистина интензивно го очекувавме во последниве денови“, реагираше Шарлoте Кноблох, претседателка на Централниот Совет на Евреите во Германија на барањето кое Ватикан му го упати на контроверзниот бискуп Вилијамсон, на недвосмислен начин јавно да се дистанцира од неговите изјави за пегирање на холокаустото, доколку сака целосно да биде рехабилитиран од католичката црква.

Слична реакција пристигна и од Генералниот секретар на централната еврејска организација во Германија, Стефан Крамер

„Тоа е прв мал чекор, кој го поздравуваме. Меѓутоа тоа ни од далеку не е доволно. Не станува збор само за бискупот Вилијамсон, туку има цела редица луѓе , кои во рамките на „Братството Пиј“ застапуваат јасни ревизионистички и антисемитистички позиции. Но само ова не може да ги искорени овој проблем во светот“, рече Кремер