1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Една милијарда евра казна за Сименс

ДВ16 декември 2008

Во најголемиот скандал со мито во историјата на германската економија, Сименс мора да плати казна од милијарда евра. Поранешниот министер за финансии, Тео Вајгел ќе надгледува дали концернот се држи до прописите.

https://p.dw.com/p/GGuI
Фотографија: DW

„Денес во голем дел го затвораме најтажното поглавје во повеќе од 160 годишната историја на Сименс“, изјави првиот човек на Надзорниот одбор на Сименс, Герхард Кроме во Минхен. Околу 600 милиони евра концернот треба да плати по барање на американското министерство за правда, додека обвинителството во Минхен бараше плаќање казна од 395 милиони евра.

Вкупниот износ на казната е помал отколку што се стравуваше. Имено, првично, по избивањето на скандалот, се сметаше дека Сименс ќе мора да плати казна од неколку милијарди евра и дека ќе биде можеби исклучен од јавните договори во САД.

Тео Вајгел ќе врши надзор

За натаму се‘ да оди како што треба, назначен е надзорник кој ќе надгледува дали Сименс ги почитува законите и
Theo Waigel
Тео Вајгел ќе „гледа“ дали е се‘ во редФотографија: picture-alliance / dpa
прописите. Поранешниот германски министер за финансии, Тео Вајгел, ја доби задачата редовно да го известува американското министерство за правда дали работите течат регуларно и дали се спроведуваат мерките за спречување на корупцијата. Вајгел ваквата задача ќе ја врши во наредните четири години.

За што е обвинет Сименс?

Суштината на скандалот околу Сименс се пари кои наводно биле употребени за да се добијат договори во странство. Сименс преговараше со властите со месеци. Според Кроме, се‘ уште има отворени постапки и во други земји, но сега е постигната согласност околу, сигурно, највисоката казна што може да му биде изречена на концернот. Расветлувањето на скандалот, досега чинеше 2,5 милијарди евра. Американскиот сојузен суд во Вашингтон го осуди Сименс поради свесно заобиколување на интерни контроли, како и поради непочитување на прописите за поднесување сметки. Освен тоа, три фирми ќерки на Сименс се осудени за соучество во корупцискиот скандал. Обвинителството во Минхен, пак, парите за казна ги бара поради непочитување на обврската за надзор на поранешниот управен одбор на концернот.

Отворени постапки

Сепак, истрагите против одделни лица во Сименс траат и натаму. На пример, против поранешниот шеф на Сименс, Хајнрих фон Пирер, во тек е постапка поради непочитување на обврската за надзор. Од него и од други поранешни раководни лица во концернот, Сименс бара отштета од повеќе милиони евра. Заменикот обвинител во Вашингтон, кој го водеше случајот Сименс, Метју Фридрих, изјави дека истрагата покажала оти „за Сименс подмитувањето не било ништо помалку од нормална постапка“. Фридрих, сепак, додаде дека во Сименс по избивањето на скандалот, се преземени важни реформски чекори.

Siemens Aufsichtsratvorsitzender Heinrich von Pierer
Хајнрих фон ПирерФотографија: AP




Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи