1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија не може да се одбрани од бегалци!

13 февруари 2011

Иладници нелегални доселеници од Тунис деновиве пристигнуваат на италијанскиот остров Лампедуза. Владата во Рим прогласи хуманитарна вонредна состојба и побара европска помош.

https://p.dw.com/p/10GTB
Имигранти на ЛампедузаФотографија: picture alliance/dpa

Демократските движење во северно-африканските земји предизвикаа силен бран бегалци кон Западот. Изминатите денови на италијанскиот остров Лампедуза пристигнаа неколку илјади бегалци, соопшти италијанската полиција. Таков наплив островот нема доживеано. Најголемиот дел од бегалците се млади под 30 години, претежно од Тунис. Според нив, со оглед на промените во земјата, пристаништата во Тунис речиси да не се контролираат, оттука може да се очекува натамошно зголемување на бројот бегалци. Владата во Рим од своја страна побара поддршка од Европската унија. Брисел „итно“ да испрати во Тунис единици на европската гранична агенција Фронтекс, да патролираат по должина на брегот, се вели во соопштението на министерството за внатрешни работи.

Italien Lampedusa Immigranten aus Nordafrika
БегалциФотографија: AP

Ситуацијата инаку ескалираше во петокот вечерта, кога на островот пристигнаа толку многу чамци со бегалци, што немаа простор каде да ги вкотват, а бегалците мораа да останат на пристаништето, на ниски температури под отворено небо. Владата во Рим во текот на викендов се обидува преку воздушен мост и фериботи да ги пренесе бегалците од островот до Сицилија и други делови на земјата. Министерот за внатрешни работи Роберто Марони ијзави дека Италија ги чувствува последиците од политичката криза во Тунис: „Стотици луѓе од овие земји пристигнуваат во Италија. Ги вложуваме сите сили за да ја надминеме оваа хуманитарна вонредна состојба.“

Бегалскиот камп на Лампедуза останува затворен

Изјава која е претерена, бидејќи не се користат сите механизми. Имено на Лампедуза се наоѓа добро опремен бегалски камп, кој може да згрижи 850 бегалци, а во вонредни ситуации да прифати до 2000 луѓе. На располагање стојат и лицата кои би работеле во кампот. Меѓутоа од политички причини, министерот го држи затворен овој камп и порадо сака бегалците да бидат префрлени во други прифатни центри, како во Бари или Кротоне.

Italien Lampedusa Immigranten aus Nordafrika
БегалциФотографија: picture alliance/dpa

Повеќе хуманитарни организации и свештеникот на островот во меѓувреме побараа од владата да го отвори бегалскиот камп на островот. Дон Стефано за бегалците привремено ги отвори портите на црквата: „Просториите кои ги ставивме на располагање не се соодветни за ваква нужна ситуација. Бараме од владата да стави на располагање други алтернативи, кои ќе ни овозможат брзо да реагираме.“

Владата на Италија на вонредна седница вчера прогласи хуманитарна вонредна состојба, за да може да ја активира цивилната заштита. Освен ова засилено е присуството на полицијата на Лампедуза.

Автор: Штефан Трендле/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска