1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц доаѓа да го почувствува пулсот

Александар Чомовски19 јуни 2008

Медијаторот на ОН во спорот со името, Метју Нимиц, наредната недела во Скопје ќе ја тестира подготвеноста на идните коалициони партнери за компромисна формула. Шансите за решение до 9-ти јули се речиси никакви.

https://p.dw.com/p/EMhT
Од преговорите за името во Охрид пред неколку месециФотографија: MIA

Јадранската група на деветти јули треба да стане дел од НАТО – шансите да се постигне решение на спорот за името дотогаш, се минимални. Тоа значи на алијансата би и‘ пристапиле само Хрватска и Албанија. Македонскиот преговарач во спорот, амбасадорот Никола Димитров, вели: „Трајна формула за стабилност на Балканот не може да постои ако Европа не е дел од таа формула, а во моментов Македонија не е во формулата.“

Медијаторот Нимиц во Скопје ќе се соочи и со можна нова политичка реалност. Партиите од албанскиот блок инсистираат на побрза разврска на проблемот со името поради НАТО-приоритетите, што за ДУИ и за ДПА се подеднакво важни. Потпретседателот на ДУИ, Рафиз Алити, изјави: „Да се седне и со ладни глави да се разгледа најновиот предлог на господинот Нимиц.“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за грчкиот весник „Та Неа“ рекол дека „решавањето на спорот со името треба да одговара на мутлиетничкиот карактер на Македонија, но и да се имаат предвид историските и географските чувства на нашите јужни соседи.“

Ваквата изјава на Ахмети во македонската јавност се толкува како прогрчка.

По самитот во Букурешт, властите во Атина офанзивно промовираат наводен растечки македонски национализам. Според унверзитетскиот професор, хроничарот Михајло Миновски, тоа е свесна грчка политика – историските факти да се засенат и да се претворат во дневно-политички аргументи.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема