1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Светот обединет во борба против кризата

12 октомври 2008

Земјите членки на ММФ едногласно го прифатија нацрт-планот на Г7 за справување со глобалната финансиска криза. Претходно седумте најразвиени земји во светот се обврзаа дека ќе спречат нови банкроти на големите банки.

https://p.dw.com/p/FY2D
Г7 - Заеднички до излезФотографија: AP

Во борбата против глобалната финансиска криза , меѓународната заедница демонстрира решителност, за брзо справување со турбуленциите ширум светот. Сите 185 земји членки на Меѓународниот монетарен фонд, го подржаа акциониот план на седумте водечки индустриски земји во светот. И растечките економии како Кина, Индија и Бразил потврдија дека имаат намера да играат активна улога во стабилизацијата на финансиските пазари. Директорот на ММФ, Доминик Штраус-Кан изрази уверување дека пазарите набргу ќе реагираат позитивно на ваквите мерки. Денеска во Париз пак лидерите на 15-те земји членки на евро-зоната, ќе расправаат за можните излези од финансиската криза.

Спречување на банкрот на големите банки со сите расположиви сретства

Инаку седумте водечки индустриски земји претходно договорија заеднички план за надминување на глобалната финансиска криза. Со сите расположиви средства ќе биде спречувано пропаѓањето на големите банки, изјавија министрите за финансии и директорите на емисионите банки на државите од Г7 по средбата во Вашингтон. САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција , Италија и Канада се едногласни дека сегашната ситуација бара итни и невообичаени мерки. Целта е стабилизирање на пазарите, повторно воспоставување на кредитните токови и поттик на глобалниот економски развој, се вели во усвоениот документ на Г7. Германскиот министер за финансии, Пеер Штајнбрик е речиси сигурен дека сега ќе дојде до смирување на состојбата на пазарите, но тој укажува дека треба да се имаат обзири за сосбеностите во одделни земји. Во Германија ќе се работи на темелно решение, веќе не од случај до случај. Но , банките кои ќе примат помош, мора да спроведат редица мерки. Поголема одговорност на менаџерите, внимателност при давањето кредити, така се ќе заштитат интересите на даночните обврзници

Германија на претстојниот утрешен кризен самит на европските земји во Париз ќе понуди спасувачки пакет мерки за излез од финансиската криза.

Peer Steinbrück bei einer Pressekonferenz am 10.10.2008 G7 Treffen
Германскиот министер за финансии, Пеер ШтајнбрикФотографија: AP

Буш: ќе ја совладаме кризата

Американскиот претседател Џорџ Буш пак изјави дека владата ќе продолжи да ги презема сите мерки за да се избори со актуелната финансиска криза и повторно да се врати стабилноста во светот.. Америка е успешна нација со огромни ресурси и широка палета средства на располагање, тие ќе бидат користени агресивно, можно е и ќе ја решиме оваа криза, оптимистички изјави Буш.

Bush zur Finanzkrise
Американскиот претседател Џорџ БушФотографија: AP

Тој соопшти дека американското Министерство за финансии забрзано работи за спроведување на планот за спас на финансискиот сектор, усвоен минатата недела, но ќе помине време додека да се почувствува неговото дејство.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема