1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трошете за да и‘ помогнете на економијата!

Карл Завадски13 ноември 2008

Германија е исправена пред рецесија - предупредува Советот на еминентни економски експерти. На почетокот на 2009-та година, стопански пораст нема да има, предвидуваат експертите. Стравот ја влошува состојбата.

https://p.dw.com/p/Ftee
Фотографија: Bilderbox

Шок-брановите кои произлегуваат од глобалната финансиска криза и од рецесијата во светот, ја зафатија и германската економија во неповолен момент. Полетот што беше забележан изминатите години, се ближи до својот крај. И, наместо меко приземјување на конјуктурата, се случи крах. За само неколку недели стопанскиот развој драматично се влоши. Просечната стапка на пораст, која годинава изнесува 1,7% проценти е, додуша, сосема пристојна, но актуелната ситуација изгледа сосема поинаку. Порастот бележи застој. Во автомобилската индустрија, поради намалената побарувачкка, се редуцира производството, во машинската индустрија работат само големите, а нови побарувања доаѓаат ретко. И на останатите бранши, кои зависат многу од извозот, им оди слично.

Скорешен крај на надолниот тренд не е на повидок

Од последиците на глобалната финансиска криза и, од нејзе произлезената рецесија во светот, страда и германската економија. Состојбата, што се однесува до вкупниот економски развој, според мислењето на Советот на еминентни економски стручњаци, односно како што се нарекуваат во Германија „петтемина мудреци“, е критична, но не е безнадежна. Многу работи говорат во прилог на сценариото опишано во нивната годишна проценка. Можеби најважната оценка во извештајот гласи: „До светска финансиска криза, како во триесетите години, нема да дојде.“

Neuwagen von VW Autos auf Außenfläche Autokrise Finanzkrise
Автомобилската индустрија е една од најпогодените од кризатаФотографија: AP

Во финансискиот сектор, краткорочно дојде до системска криза, но по решителното дејствување на владите и централните банки, спречен е колапс на банките и на осигурителните пазари. Владите донесоа пакети за спас на банките и осигурителните компании, тешки стотици милијарди евра, а централните банки ги намалија каматните стапки. Грешките од минатото нема да се повторат. Тоа, во конретниот случај значи - германската влада ја олабави својата рестриктивна финансиска политика и се откажа од целта до 2011 година да има повторно порамнет буџет. Предност има справувањето со кризата.

Финансиската криза не е ни оддалеку решена, но е ставена под контрола

Поголеми грижи, во моментов, предизвикува реалната економија, која оди надолу по големиот пад на конјуктурата. Сега се покажува опачината на големата зависнот на германската економија од извозот.

Германија, погледнато на кус рок, е исправена пред рецесија. Тоа значи - економскиот учинок до пролет ќе оди надолу, а потоа ќе бележи опоравување. Тоа за целата 2009 година значи стагнација. Со оглед на актуелната финансиска криза, тоа воопшто и не се толку лоши излгеди. Ако се следат советите на петтемина мудреци, ќе можат да се ограничат пред се‘ негативните последици за пазарот на работна сила, и тоа со пораст на бројот на невработени на нешто повеќе од 30 илјади. Тоа е предуслов за тоа навистина да биде сопрен надолниот тренд на конјуктурата. Кон тоа, придонес треба да дадат пред се‘ владата, централната банка и потрошувачите. Владата треба да ги зголеми инвестициите во инфраструктурата и во образованието. Европската централна банка, ќе може и натаму да ги намалува каматите, со оглед на актуелното смирување на цените. Потрошувачите не треба исплашено да штедат, туку треба храбро да трошат пари. Кој за време на божиќните празници нема да обраќа внимание на кризата, ќе ги усреќи не само своите најсакани, туку ќе и‘ помогне и на конјуктурата.

Arbeitsamt in Berlin, thumbnail
Важно е да се ограничи порастот на бројот на невработениФотографија: AP
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема