1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фудбалската треска во Европа започна

Nedevski, Sime8 јуни 2008

Во првите два меча од Европското фудбалско првенство во Швајцарија и Австрија , славеа репрезентациите на Чешка и на Португалија. Германија денеска против Полска во Клагенфурт треба да ја оправда улогата на фаворит.

https://p.dw.com/p/EFdp
Вацлав Сверкош стрелец на првиот гол на шампионатотФотографија: AP

Европското првенството во фудбал започна со 15 минутна официјална церемонија за отворање , на која домаќините Швајцарија и Австрија се претставија себеси со сите свои карактеристики но и клишеа кои важат за овие две земји.Потоа започна да царува фудбалот.

Швајцарија несреќна, Португалија убелива

Домаќинот Швајцарија иако играше подобро на натпреварот во Базел со кој беше отворен шампионатот загуби со минимални 1:0 со голот што го постигне чешкиот напаѓач Вацлав Сверкош:

„Ова е супер чуство , што можам уште да кажам, многу сум среќен и верувам дека нашиот тим може да биде среќем , зашто Швајцарците мислам дека беа малку подобри од нас. Но денес ние имавме среќа“- изјави стрелецот на голот.

Швајцарскиот селектор Јакоб Кун со оптмистичка порака по мечот:

„ По она што го прикажавме , можеме да го напуштиме стадионот со кренати глави. Тоа им го реков на момчињата. Навистина загубивме незаслужено“

Португалија пак во Женева доминираше против Турција и славеше со 2:0. Головите за Португалците предводени од извонредниот Кристијано Роналдо , ги постигнаа Пепе и Меилерес.

Германците веруваат дека можат да го освојат трофејот

Денеска во Виена репрезентацијата на вториот домаќин на првенството Австрија игра против Хрватска , додека пак во Клагенфурт , репрезентацијата на Германија ќе настапи против вечниот ривал Полска. Германците ги вбројуваат меѓу фаворитите за титулата:

„ Ние вистински веруваме во тоа дека можеме да бидеме европски прваци.Инаку зошто би биле тука “- порача воочи средбата со Полска реперзентативецот Торстен Фрингс.

Селекторот Јоаким Лев смета во игра за титулата се повеќе репрезентации :

„ Има повеќе тимови, кои со сигурност според нивниот индивидуален квалитет , можат да ја освојат титулата, но во текот на турнирот ќе се покаже кој ја поседува конечно потребната сила , за да биде првак на Европа“