1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Дечев: Во Бугарија нема место за историски алтернативи

12 ноември 2020

Бугарскиот историчар Стефан Дечев во интервју за ДВ објаснува зошто е песимист дека ќе се реши спорот меѓу Скопје и Софија и укажува дека во неговата земја се замолчуваат сите алтернативни гласови за историски прашања.

https://p.dw.com/p/3l7NW
Bulgarien Geschichtswissenschaftler Stefan Detchev
Фотографија: privat

Г-н Дечев, на конференцијата во рамките на Берлинскиот процес, премиерите Борисов и Заев демонстрираа заедништво. Во исто време, односите меѓу Софија и Скопје се во криза. Зошто токму сега?

Дечев: Уште откако започнаа разговорите за историјата во Мешовитата комисија, бугарската страна тргна од една погрешна позиција: дека целата вистина е на бугарска страна, а македонската страна речиси треба да ја препише бугарската историја до 1944 година. Од македонска страна имаше некаква надеж дека разговорите за историјата би можеле да поминат. И тоа, во крајна линија, доведе до бугарската Рамковна позиција, како и до видливата решителност на Софија да го искористи точно тој момент- првата меѓувладина конференција во декември и почетокот на преговорите со Северна Македонија- за да се обиде да наметне еден дневен ред кој целосно се приближува до бугарската гледна точка.

-повеќе на темата: Отрезнувачките кошмари на бугарските политичари

Станува збор за едно претерување, бидејќи не е можно да се објасни дека сите нации во Европа се „природни“, а само македонската нација и македонскиот јазик се вештачки. Дека тие потекнуваат од 1944 година, а целата претходна историја е само бугарска.

Nord-Mazedonien Bulgarien Borissov zu Besuch bei Zaev in Skopje
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

ДВ: Кои се политичките цели кои Софија ги следи со таа блокада? И дали позицијата на Владата не го одразува и широко распространетото расположение на бугарските граѓани?

Дечев: Се разбира дека таа бугарска позиција го одразува широко распространетото расположение. Но, според мене, тие расположенија не можат сами по себе да се претвораат во државна политика. За жал, луѓето на кои им е доверено да се занимаваат со односите на Бугарија кон Северна Македонија- како на политичко, така и на ткн. „експертско" ниво- како веќе да донеле одлука. Тие дури ги користат бугарските мејнстрим медиуми, особено трите најголеми телевизии, за да внесат одредена напрегнатост, која потоа ќе ја констатираат во одредени социолошки истражувања.

ДВ: Зошто мислите така?

Дечев: Затоа што веднаш, откако бугарскиот дел од историската комисија се врати од Скопје во Софија, во интервју за БНТ еден од членовите, професорот Иван Илчев, излезе со неколку тези кои во следните денови станаа бугарска државна политика и дел од медиумската кампања во земјата.
Првата гласи дека, во моментот во Република Северна Македонија се води бесна антибугарска кампања, а Бугарите се претставуваат како монголо-татари. А тоа не е точно, нема таква официјална политика. Тоа е линија на опозициските медиуми во Северна Македонија кои едноставно се обидуваат да ја поткопаат владата на Заев и да го искористат евентуалното бугарско вето, за да ја обвинат власта за тоа. 

Infografik Karte Nordmazedonien und Bulgarien EN

-повеќе на темата: Маринов: Во Бугарија се уште живее сонот за „ребугаризација“ на Македонија

Втората теза на Илчев е дека мора да ја третираме Северна Македонија како обична соседна земја која има свои интереси и не може да се гледа наивно, емоционално и сентиментално исто како братска земја. А токму тоа го посакува и ВМРО на крајот на 19 и почетокот на 20 век. Тогаш таа настојува пред владата во Софија да биде третирана како рамноправен политички субјект. И најважно, на трето место, отворениот политички повик од член на експертска историска комисија за Бугарија да го направи својот прв решителен историски чекор во последните 100 години блокирајќи ја Република Северна Македонија. И покрај кондиционалноста, ова беше повик за блокада. 

-повеќе на темата: Каноните на Тодор Живков

И последно: обидот да се замолчат сите алтернативни гласови во Бугарија за историски прашања - преку нивна маргинализација и преку погрешни информации што редовно ги пренесуваат централните медиуми. Станува збор за премолчувањето и изобличувањето, како на октомвриското обраќање на бугарските историчари и другите претставници на хуманистичките и општествените науки против таканаречениот објаснувачки Меморандум, така и на Отвореното писмо на бугарските и македонските научници до премиерите и министрите за надворешни работи и европски интеграции за потребата од промена на пристапот.

Bulgarien Nordmazedonien  Boyko Borissov Zoran Zaev
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

ДВ: Вие сте еден од авторите на тоа писмо. Ќе има ли промена на пристапот? Какви, според вас, се перспективите за излегување од тој ќорсокак?
Дечев: Засега не гледам сигнали, како од Софија, така и од Скопје, за излегување од ќорсокакот. Гледам дека, очигледно, од страна на Скопје има желба да нема вето. Ја гледам исто така и желбата на германската страна да посредува. Но многу индикативно е тоа што во моментов во Бугарија им се дава простор точно на историчари-националисти со радикални ставови. А тоа ме наведува да мислам дека бугарската позиција ќе продолжи да биде тврда и непопустлива, а од Скопје речиси и да не можеме да очекуваме дека при толку тврда бугарска позиција може да се започне некаква внатрешно-македонска дебата за историските прашања. Тоа ме тера да бидам песимист, освен ако не се најде некое политичко решение кое повеќе ќе има карактер на времен политички договор, постигнат со посредство на Германија.

Deutsche Welle Bulgarische Redaktion Alexander Andreev
Александар Андреев Александар Андреев е долгогодишен новинар и раководител на бугарската редакција на Дојче Веле.