1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кина спроведува масовно корона-тестирање

ЖА /ДВ
12 октомври 2020

Речиси десет милиони жители на кинеската метропола Чингдао ќе бидат подложени на проверка дали се инфицирани со коронавирус. Причина е појавата на нови случаи на вирусот во источниот дел на земјата.

https://p.dw.com/p/3joDJ
China | Covid-19 | Coronavirus -Test
Од корона-тестирање во Пекинг пред неколку неделиФотографија: Noel Celis/AFP/Getty Images

Во текот на пет дена треба да се изврши корона-тестирање на сите жители на кинескиот град Чингдао, најави Здравствениот завод на пристанишниот град, откако претходниот ден таму се регистрирани шест нови случаи на Сарс-КоВ-2. Станува збор за прво масовно тестирање за присуство на коронавирус по повеќе месеци. Во јуни во Пекинг беа спроведени серија тестирања, а како причина во таа прилика беше наведено избувнувањето на локално жариште на епидемијата на пазар за прехранбени производи.

Повеќе:

Истрага за потеклото на коронавирусот: Експерти на СЗО во Кина

Фотографија на денот: Вухан во кризен режим

Пекинг во делумна изолација поради коронавирусот

Дали мутациите ќе го направат коронавирусот безопасен?

Актуелните инфекции во Чингдао, според властите, доаѓаат од болница во градот. Жителите на пет општини во градот ќе бидат прегледани во рок од три, а останатите во рок од пет дена. Вкупно 140.000 вработени во здравството, како и сите новопримени пациенти се веќе тестирани на коронавирус. Чингдао е важен економски центар на кинескиот источен брег.

Кина во глобални црти својата борба против Ковид-9 ја опишува како успешна приказна, наводно пандемијата во земјата успешно се држи под контрола.

Присуството на новиот вирус првпат беше докажано кај луѓе на преминот во оваа година во централно кинескиот град Вухан. Кинеските власти реагираа дури по неколку недели, и тоа со драстични мерки како целосна изолација на Вухан и други градови. Но во меѓувреме вирусот се рашири низ целиот глобус, досега со него се инфицираа преку 37 милиони луѓе, а како последица од заболувања во врска со него починаа преку еден милион лица.