1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Откажан ТВ-дуелот на Трамп и Бајден

Сузане Ајкенфондер
10 октомври 2020

По спорот околу тоа како да се организира ТВ-дуелот поради болеста на американскиот претседател, соочувањето Трамп-Бајден е откажано.

https://p.dw.com/p/3jj5V
Bildkombo Trump  Biden
Фотографија: Patrick Semansky/dpa/picture-alliance

Телевизискиот дуел помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот предизвикувач Џо Бајден, кој требаше да се одржи на 15 октомври, е откажан, соопштија организаторите. Тие првично имаа намера да го организираат дуелот преку видео-врска, поради инфицирањето на Трамп со коронавирус минатата недела. За да се спречи зараза, двајцата кандидати, наместо да стојат заедно на една бина, требаше да бидат вклучени од различни места. Додека Бајден веднаш изрази подготвеност за ваков вирутелен формат на дуелот, Трамп ригорозно го отфрли. Неговиот предизборен тим побара одлагање на дебатата.

На 22 октомври, меѓутоа, Трамп и Бајден би требало уште еднаш да ги судрат своите аргументи, соопштија организаторите. Двете страни, како што се вели, го потврдиле овој термин.

Првиот дуел на кандидатите за претседател помина исклучително хаотично. Трамп и Бајден во повеќе наврати се навредуваа меѓусебно, а особено Трамп постојано гласно му упаѓаше во збор на Бајден.

Само два дена по тој дуел, во четвртокот минатата недела, Трамп беше тестиран и беше позитивен на коронавирус. Тој мина три дена во воена болница, по што се врати во Белата куќа и се прогласи за „оздравен“.

Тактиката на Трамп функционира

Трамп се врати во Белата куќа

Трамп се лекува со ремдесивир и експериментална терапија против Ковид-19

Тој сега продолжува со својата кампања. Во понеделник треба да настапи пред приврзаниците во Орландо, Флорида. Оваа сојузна држава се вбројува меѓу најважните за претседателските избори на 3 ноември. Трамп во анкетите во моментов е зад Бајден.