1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ван Ромпој го откажува учеството на самитот ЕУ-Балкан

18 март 2010

Претседателот на ЕУ, Херман Ван Ромпој можеби ќе го откаже учеството на Самитот ЕУ-Балкан закажан за викендов во словенечкиот Брдo кај Крањ, поради проблемите околу учеството на Србија и Косово.

https://p.dw.com/p/MW1I
Херман ван РопмпојФотографија: AP

Неименуван ЕУ дипломат денеска изјави дека претседателот на ЕУ, Ван Ромпој не сака да учествува на самитот ЕУ-Балкан доколку не се решат проблемите.

Србија најави дека ќе одбие да учестува на самитот доколку на него се најде и косовска делегација. Од Белград бараат Косово на самитот да се појави со знаме на ОН и без обележја на држава. Од официјална Приштина, пак соопштија дека тие прифаќаат учество само како независна држава.

Словенечкото државно раководство се обидува да најде взаемно прифатливо решение за пат-позицијата, но засега нема сигнали дека ќе се најде решение. Како што веќе јави ДВ, едно од можните решенија кои ги разгледуваат организаторите на самитот е да не се користат воопшто имињата на државите, туку само личните имиња на присутните гости. „Во моментов има големи проблеми и доколку тие не се решат до сабота, не очекувам претседателот Ван Ромпој да учествува“, изјави дипломатот за агенцијата АФП. Самитот беше закажан со цел на него да се расправа за забрзување на приемот на земјите од регионот во Унијата.

Aвтор: БГ/афп

Редактор: Александра Трајковска