1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Единството постигнато, се одбројува до гласањето

29 септември 2008

Партиите во американскиот Конгрес постигнаа единство oколу планот за санација на банкарскиот сектор, вреден 700 милијарди долари. Веста ја потврдија преговарачите на двете страни, доцна синоќа (28.09.2008), во Вашингтон.

https://p.dw.com/p/FQiE
Претседателот на Банкарскиот Комитет во Сенатот, Крис ДодФотографија: AP

Останува да се договорат уште неколку детали, пред најверојатно во текот на денот, документот да биде поднесен на гласање во Претставничкиот дом и во Конгресот. Министерот за финансии, Хенри Полсон доцна синоќа изрази олеснување: „Работевме многу напорно и постигнавме значителен напредок“, изјави Полсон.

Исто така и демократот, Крис Дод, влијателниот претседавач со банкарскиот комитет во Сенатот, излезе со оптимизам: „Се наоѓаме во позиција од која на американскиот народ конечно можеме да му соопштиме нешто позитивно“, изјави Дод.

Последиците можат да бидат големи

Конгресот е на добар пат да го усвои финансискиот план на администрацијата на Буш, вреден 700 милијарди долари, и тоа пред денешното отворање на финансиските пазари. И, најпознатиот американски ивестициски гуру и мултимилијардер, Ворен Бафет, вчера го предупреди Конгресот на последиците од неусвојувањето на планот. Доколку финансискиот пакет не биде усвоен во наредните неколку часови, американската економија ќе загуби и тоа многу повеќе од перидот на економската депресија во 30-те години на минатиот век, предупреди Бафет.

Währung Dollar Euro Pfund Yen
Фотографија: AP

Се бара соодветна формулација

Останува уште членовите на Конгресот да најдат соодветна формулација, која е прифатлива за сите. Пред се‘ републиканските претставници во Конгресот, се оние кои стравуваат од се` помасовното незадоволство кај даночните обврзници во некои сојузни држави, воочи претседателските избори, во ноември. Тие не сакаат со нивните пари од данокот, да ги наградуваат финансиските менаџери кои ја испровоцираа кризата.

Парите внимателно да се распределат

Министерот за финансии Хенри Полсон нагласи дека планот мора да биде ефективен за сите Aмериканци. Затоа, од него не треба да профитираат само банките, туку и милионите Американци, сопственици на куќи. Исто така, не треба предвидените 700 милијарди долари да се пуштат во оптек истовремено.

IWF befürchtet Verluste von 945 Milliarden Dollar durch Finanzkrise
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Инаку, 250 милијарди долари треба да и‘ бидат ставени на располагање на сојузната банка на почетокот на неделава, со чија помош таа треба да се ослободи од рискантните хартии од вредност. Одбројувањето е во тек. До отворањето на финансискиот пазар остануваат само уште неколку часови.