1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Коронавирус- рецепт за нова глобална нестабилност

БГ /РТР
29 февруари 2020

Коронавирусот може дополнително да ја наруши довербата на милиони луѓе ширум светот во нивните лидери и институции. Тоа е рецепт за натомошна глобална нестабилност во ситуација кога светот најмалку може да си ја дозволи.

https://p.dw.com/p/3Yawz
Italien Coronavirus in Mailand
Фотографија: Reuters/F. Lo Scalzo

Како што појавата на коронавирусот станува глобална, така берзите и светското население полека се будат со опасноста од глобална пандемија. Но, тоа не е единствената вознемирувачка глобална вест оваа недела. На Блискиот исток и во Азија особено, воените тензии растат, а големите држави не се ни обидуваат да го прикријат тоа.
Најзагрижувачки се настаните во последните 24 часа во Сирија. Како што граѓанската војна навлегува во последната фаза, судирот меѓу Русија и Турција се заострува. Убиството на 33 турски војници во воздушниот напад на сириските владини сили ја пренесе конфронтацијата на нова територија, затоа што Анкара сега не е лута само на Москва и Дамаск, туку и на западните нации кои смета дека ја напуштиле.
Во петокот Турција соопшти дека повеќе нема да ги блокира сириските бегалци кои сакаат да се упатат кон Европа, актуелизирајќи ја повторно заканата од голем бегалски бран како оној во 2015-2016 година. Тој бран донесе стотици илјади бегалци во Европа и предизвика силно јавно незадоволство кое пак ги засили десничарските партии. Сето тоа се случува паралелно со новите судири меѓу Сирија и Израел, откако изреалски хеликоптери  повредија повеќе сириски војници во нападите на границата.

Регионални непријатели

Тензиите и судирите меѓу Иран и неговите регионални непријатели во Заливот се исто така на високо ниво, иако се чини дека американскиот напад со дрон со кој беше убиен иранскиот генерал Касем Солејмани спречи директна регионална ескалација. Во источна Украина, руските трупи се во офанзива околу градот Луханск. Додека, во Јужното кинеско море неделава кинеската армија нападна американски авион со воен ласер, што предизвика жестоки поплаки од Вашингтон.
Повлекувањето директна линија меѓу овие судири и појавата на вирусот секако оди предалеку, иако особено кинеската влада веројатно посакува одвлекување на вниманието од епидемијата. Истото би можело да важи и за Иран, каде вирусот се шири со голема брзина, и каде јавното незадоволство со владата е исто така во пораст. Она што несомнено ќе се случи е дека ресурсите кои владите ќе мораат да ги вложат во справувањето со болеста веројатно ќе биде добро за одвлекување на вниманието од други настани.
Тоа ќе има поинакво значење на различни места- и долгорочното влијание може да биде крајно различно од кусорочните последици. Во Хонг Конг, загриженоста околу вирусот се чини дека драматично ги ограничија протестите против владата во Пекинг. Но истовремено тие драматично го засилија бесот и фрустрацијата кон централната власт, за која многу жители на Хонг Конг сметаат дека ја манипулира болеста и ја извезува во нивниот град.
Доколку, иако во моментов тоа се чини малку веројатно, вирусот драматично го забави глобалниот економски раст, или дури предизвика и рецесија, тоа многу веројатно ќе ја зголеми политичката температура речиси насекаде.

Syrien Sarakeb Rauch nach Angriffen in der Provinz Idlib
Најзагрижувачки се настаните во последните 24 часа во Сирија. (фото) Ракетен напад во ИдлибФотографија: Reuters/U. Bektas

Смртоносна епидемија

Многу ќе зависи и од тоа колку сериозно ќе се прошири епидемијата. Смртоносните епидемии традиционално ги ограничуваат војните, во најмала рака привремено, онеспособувајќи ги армиите и населението кое е преслабо за да поднесе конфликт. Ширењето на коронавирусот во Јужна Кореја веќе ги натера САД да ги откажат планираните воени вежби.
Но, дали коронавирусот е доволно силен за да ги убеди државите макар и за привремен мир, е исто така прашање. Она што е сигурно е дека тој ќе погоди милиони ширум светот и веројатно ќе убие илјадници во бројни држави.
Геополитичката конфронтација го прави справувањето со таквите епидемии потешко, а ефектите од конфликтот- особено масовното иселување- може само да го забрзаат ширењето на вирусот. Најпознат таков пример е епидемијата на Шпански грип по Првата светска војна. Се проценува дека бројот на жртвите од таа болест- која зафати речиси една четвртина од светското население- се движи меѓу 40 и 100 милиони луѓе.
Доколку коронавирусот се рашири глобално, сепак не е невозможно тој да ги зближи наместо да ги оддалечи земјите една од друга. Во најлош случај, тој би можел дополнително да ја наруши довербата на милиони луѓе ширум светот во нивните лидери и институции. Тоа е рецепт за натомошна глобална нестабилност во ситуација кога светот најмалку може да си ја дозволи.

Питер Епс е колумнист на Ројтерс кој пишува за меѓународни проблеми, глобализација и конфликти. Основач е и директор на тинк-тенкот Проект за изучување на 21 век. Тој е поранешен известувач на агенцијата Ројтерс кој останал парализиран по сообраќајна несреќа во воена зона во 2006 година.