1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Заврши љубовта на Лионел Меси и Барселона

БГ /РТР
5 август 2021

Лионел Меси си заминува од Барселона и покрај тоа што двете страни се согласија на нов договор. Натамошната соработка е невозможна поради економските и структурни пречки со кои се соочува клубот

https://p.dw.com/p/3yc00
Champions League | Viertelfinale | FC Barcelona vs. Bayern München - ENDSTAND
Фотографија: Reuters/M. Fernandez

Прославениот аргентински напаѓач Лионел Меси си заминува од клубот каде ја мина речиси целата кариера. Фудбалскиот клуб Барселона вечерва соопшти дека нема можност да потпише нов договор со легендарниот фудбалер и покрај тие што беа договорени сите детали.
„И покрај тоа што ФК Барселона и Лионел Меси постигнаа договор и имаше јасна намера од двете страни денеска да се потпише договор, тоа не може да се случи поради финансиски и структурни пречки (Правилата на шпанската фудбалска лига“, соопшти ФК Барселона.
„Како резултат на оваа ситуација, Меси нема да остане во ФК Барселона. Двете страни длабоко жалат поради тоа што желбите на играчот и на клубот нема да бидат исполнети“.
„ФК Барселона со цело срце му изразува благодарност на играчот за неговиот придонес во возвишувањето на клубот и му посакува се најдобро во иднина во неговиот личен и професионален живот“, се наведува во соопштението.

Fußballspieler Lionel Messi mit Champions League Trophäe 2009
Меси со Барселона ги освои сите можни титули во клупскиот фудбал и стана најдобар играч во историјата на клубот. Фотографија: Imago Images/Agencja Przeglad Sportowy

Меси беше слободен да преговара со други клубови откако му истече договорот на крајот на јуни, но од Барселона постојано тврдеа дека ќе сторат се за да го задржат. 34-годишниот напаѓач требаше да потпише нов петгодишен договор.
Меси и се приклучи на академијата на ФК Барселона на возраст од 13 години, и во меѓувреме стана најдобар стрелец (672) и играч со најмногу настапи (778) во историјата на клубот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема